Category Archives: АКТУЕЛНО

Дезинфекција на манастирот Св.Еразмо

Во пресрет на православниот празник Св. Еразмо Охридски екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ извршија дезинфекција на манастирот Св.Еразмо.

Со цел заштита и превенција од Корона вирусот „Ковид 19“ третирани се пристапниот пат, дворното место и внатрешните простории на црквата.

 

Оглас за продажба на основни средства-возила како старо железо

Се известуваат сите физички и правни лица на територијата на општина Охрид дека Ј.П.„Охридски Комуналец„ врши продажба на основни средства-возила како старо железо.

За подетални информации отворете на линкот подолу:

IMG_20200612_0006

 

Се сади нов цветен расад низ зелените површини

Деновиве во тек се активности на садење нов цветен расад низ зелените површини во градот. Зимскиот цветен расад се заменува со летен сезонски цветен расад од видот: агератум, салвија, петунија, сардела, цинија, “Лепи Јово” и “џунџуле”.

Во ново цветно руво ќе светнат зелените површини  во градскиот парк, зелените острови кај кружните текови, зелените делови покрај пешачките патеки до Горица и покрај каналот Студенчишта, покрај дрворедите во централното градско подрачје и другите хортикултурно уредени површини во градот и приградските населби.

Според годишниот план за 2020 год., од летната реколта се планира да се засадат 50,000 садници.

Се дезинфицираат приградските населби и туристички локалитети

Со дезинфицирањето на јавните површини се продолжи и денес. Со овие активности се опфатени пригрaдските населби и туристички локалитети: пешачката патека од каналот Студенчишта до Горица, комплексот Горица, туристичките населба Свети Стефан и Лагадин, селата Пештани, Елшани, Велгошти, Лескоец, Долно Лакочереј, Горно Лакочереј, Косел и Орман.

 

Овие активности се спроведуваат по препораките на Кризниот штаб на општина Охрид по продолжениот празничен викенд кога во нашиот град престојуваа голем број гости.

Се дезинфицираат јавните површини, урбана опрема и станбени објекти

Согласно препораките на Кризниот штаб на Општина Охрид, по завршувањето на продолжениот викенд од денеска Ј.П.„Охридски Комуналец„  започна со активности за  дезинфекција на улици, јавни површини, урбана опрема  и станбени објекти на територијата на Општина Охрид. Интензивно се третираат површините со дезинфекционо средство , а во употреба се двете цистерни. Со помалата цистерна се дезинфицираат јавните површини каде улиците се потесни како во стариот дел од градот.

Се дезинфицираат и детските игралишта, урбаната опрема, зоните за рекреација, градскиот кеј и чаршијата.

   Со дезинфекционите активности се опфатени и објектите за колективно станување каде се дезинфицираат влезовите и заедничките простории.

Со овие активности ќе продолжиме и во наредните денови.

 

Акција за чистење на трската во близина на Холандски парк

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ денес спроведоа акција за чистење на сувата трска од водите на Охридското Езеро на крајот од шеталиштето, во близина на Холандскиот парк.

Огромни количини трска се подигнати од водите на езерото за што дополнително беше ангажиран и чамец.

Од 1 јуни комуналниот отпад се подига од 06.00 часот

Ј.П.„Охридски Комуналец„ ги известува граѓаните на општина Охрид дека согласно динамиката дефинирана во Програмата за работа за оперативната 2020 год.,  подигнувањето на комуналниот отпад во летните месеци и тоа почнувајќи од 01.06.2020 год. до 31.08.2020 год. ќе го спроведува почнувајќи од 06.00 часот наутро. Апелираме до граѓаните да го почитуваат воспоставениот комуналeн ред за подигнување на комунален отпад дефиниран за секоја урбана зедница, реон и приградска населба.

Под налетите од ветрот скршено дрво на „Македонски Просветители„

Под налетите на силниот ветар кој дуваше во попладневните часови во охридскиот крај, се скрши дрво од дрворедот по улицата „Македонски Просветители„ , во близина на кружниот тек кај „Охридска банка„. Дрвото од видот „липа„ беше старо и деградирано и не издржа, но за среќа не е предизвикана  матерјална штета. Нашите служби веднаш излегоа на терен и дрвото  веднаш е отстрането, а околниот простор темелно расчистен.

Ситуацијата е вратена во нормален тек, а сообраќајот и движењето на пешаците се одвива непречено.

Повторно во употреба јавните тоалети кај Т.Ц.АМАМ

 Ј.П.„Охридски Комуналец„ ги информира граѓаните дека од 01.06.2020 год. (понеделник) повторно ги става во употреба јавните тоалети лоцирани кај мини-плоштадот во близина на Т.Ц.АМАМ. Заради превенција од ширење на заразата предизвикана од вирусот COVID-19, Ј.П.„Охридски Комуналец„ привремено ги стави надвор од употреба  јавните тоалети.

Засадени нови дрвја на патеката до Парк

Екипите на „Паркови и зеленило„ засадија нови садници на потегот од последниот етапен дел кој се реконструира на патеката од каналот Студенчишта до поранешниот хотел „Парк„ кај месноста Горица.

Засадени се 15 дрвја од видот каталпа. Овие атрактивни листопадни дрвја се карактеризираат со брз раст, крупен срцевиден лист  и широка крошна.

 

Се уредуваат зелените површини во приградските населби

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ се постојано ангажирани  во подигнувањето на степенот на јавна чистота и јавното зеленило  во градот и приградските населби. Во изминатите денови интензивно се уредуваа приградските населби. Се косеа тревните површини и се отстрануваше дивата вегетација од тротоарите, покрај граничниците, коловозите и другите  пешачки и јавни површини во селата Подмоље, Велгошти, Лескоец, Долно Лакочереј, Горно Лакочереј и Косел.

Подмоље

Велгошти

Лескоец

Горно Лакочереј

Долно Лакочереј

Косел

Повторен Оглас за издавање под закуп на деловни простори во градски пазар

Ј.П.„Охридски Комуналец„ Охрид објавува повторен Оглас за издавање под закуп на деловни простори кои се наоѓаат на кат во зградата на Градски пазар во Охрид и тоа:

Ве молиме отворете на линкот подолу:

IMG_20200512_0001