Category Archives: АКТУЕЛНО
Со првиот снег оперативните служби веднаш на терен

Сите оперативни служби од Ј.П.„Охридски Комуналец” првиот снег го дочекаа спремно. Веднаш се излезе на терен со расположивата механизација и дежурни екипи. Се расчистува снежната покривка од коловозите и јавните површини и се делува со абразивни средства со цел да обезбедиме непречено движење на возилата и пешаците, како во централното градско подрачје, така и во приградските населби. Со помош на механизација на која се приклучени ножеви за чистење на снег и епохи се расчистуваат прво коловозите од улиците со највисок приоритет и ризик во зимски услови: „Стар Град„ , „Гоце Делчев„ (бараки), централните фреквентни сообраќајници, а ќе се продолжи со патот до с.Велестово и с.Елшани.
Се расчистуваат и јавните пешачки површини со највисок приоритет и чаршијата, а каде што има потреба се делува со абразивни средства.
Екипите на „Паркови и зеленило” превентивно ги отстрануваат снежните наноси од крошните од дрворедите како не би дошло до кршење на дрвјата.
Генерално чистење на ул.„Железничка”

Екипите на „Јавна хигиена” во раните утрински часови спроведоа активности за одржување на јавната хигиена на магистралниот пат -ул.„Железничка”. Оваа фреквентна сообраќајница темелно се расчистува од наносите од песок и земја покрај коловозните ленти , се одстранува ниската вегетација од тротоарите и граничниците и се подигнува расфрланиот отпад и паднатите лисја.
Вонреден ангажман за расчистување на кејот

Согласно временските неприлики и засилениот јужен ветар, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” изминатиов викенд беа вонредно ангажирани за расчистување на просторот околу градското пристаниште и кејот на потегот од пристаништето до Холандскиот Парк. Големите езерски бранови по шеталиштето и во крајбрежниот појас исфрлија големи количини најразновиден отпад (тешко разградлив комунален отпад, трска , реса и др.) кои секојдневно се расчистуваат и транспортираат.
Со акцијата ќе се продолжи и во следните денови.
Се депонираат абразивни средства на повеќе локации

Согласно законските обврски кои ги има Ј.П.„Охридски Комуналец” околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид” депонирани се вреќи со сол и ризла во „Стар Град” . Со овие активности ќе се продолжи на повеќе локации во градот и руралните места со цел нашите служби и жителите превентивно да реагираат во справувањето со голомразица и снежни врнежи.
Интензивни активности за подигнување на јавната чистота

Ј.П.„Охридски Комуналец” деновиве спроведува интензивни активности за подигнување на степенот на јавна чистота во градот и околината. Со ангажирање на специјална механизација се расчистени повеќе мини депонии кои несовесни граѓани ги имаа создадено. Од расфрлан комунален отпад, кабаст отпад и градежен шут, се расчистуваа повеќе локации во туристичката населба Лагадин, с.Елшани, с.Долно Лакочереј, а од многу локации во градот е подигнат кабаст отпад.
расчистена локација во Лагадин
подигнат кабаст отпад од повеќе локации
Се разубавуваат зелените површини со цветен расад

Екипите на „Паркови и зеленило” започнаа со оплеменување на јавните зелени површини во градот и околината со засадување на цветниот материјал viola (очиња) од сопствено производство. Овој цветен саден материјал е издржлив и отпорен на пониски температури па ќе ги разубавува парковите со своите интензивни бои во престојниот период, се` до напролет.
Засадувањето ќе се одвива етпано, прво ќе се опфати центарот на градот со градскиот парк, па пешачките патеки до Горица и покрај каналот Студенчишта, кружните сообраќајници, па потоа периферните делови од градот.
Екипите на „Паркови и зеленило” вклучени во првата фаза од реконструкција на ул.”Македонски Просветители”

Екипите на „Паркови и зеленило” активно се вклучени во првата фаза од активностите кои ги спроведува локалната самоуправа за реконструкција на улицата „Македонски Просветители”. За таа цел нашите екипи помагаат во подигнување и расчистување на гранки и друг отпад од активностите за отстранување на стариот дрворед од липи и костени кои се со надмината физиолошка и биолошка возраст, дрва нападнати од карантински болести и штетници со значителни физички оштетувања по разни основи и заболени дрва кај кои не постои можност за успешно санирање на нивната здравствена состојба.
Со проектот е предвидено формирање на нов дрворед од соодветни садници.
Генералки на улици Кленоец и Радојца Новичиќ и активности за подигање на паднатите лисја

Екипите на „Јавна хигиена” спроведоа активности за генерално расчистување на ул.„Кленоец” и ул.„Радојца Новичиќ”. Темелно се расчистуваа тротоарите, просторот околу тротоарите и граничниците од коловозот. Отстранета е ниска и дива вегетација и подигнат е расфрланиот отпад.
Во изминативе есенски денови интензивно се спроведуваат активности за подигање на паднатите лисја од јавните површини како во централното подрачје, така и во периферните делови од градот. Подигнатите лисја се транспортираат до расадникот на Ј.П.„Охридски Комуналец” каде понатака се користат во процесот на компостирање.
Јавен оглас број 2/2021 за пополнување на работно место на Помошно-технички персонал
Известување до нашите корисници за промена на жиро-сметката од Охридска банка

Заради преземањето на Охридска банка АД Скопје и нејзино присоединување кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид ги известува граѓаните и правните субјекти, корисници на нашите услуги, дека од 19.07.2021 год. нема да бидат во можност да извршат уплати на сметки и фактури за услугата подигнување, транспорт и депонирање на комунален отпад, како и други услуги на Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид преку Охридска банка АД Скопје .
Од 19.07.2021 год. се променува постоечката денарска жиро-сметка (530-0001000731-36- Охридска банка АД Скопје)
и истата од овој датум ќе биде заменета со:
250-0001000731-68 Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
Жиро-сметките кои Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид ги поседува во други банки остануваат непроменети.
На граѓаните и правните субјекти на располагање им ја нудиме и електронската онлајн наплата без провизија, потоа наплата без провизија во нашиот наплатен центар лоциран во зградата на Градски пазар-Охрид, наплата преку отворање на траен налог , како и на шалтерите од банките.
– електронска наплата за физички лица www.eohridskikomunalec.com.mk
Јавен оглас број 1/2021 за пополнување на работни места на Помошно-технички персонал
Секојдневно уништување и кражби на урбаната опрема

Како јавно претпријатие надлежно за одржување на јавна и услужна хигиена и јавното зеленило, секојдневно се соочуваме со проблеми со уништување и кражби на урбаната и комунална опрема.
Ни еден месец не е изминат откако Ј.П.„Охридски Комуналец„ на плажите кои не се под концесија (плажите кај локалитетите Горица 3 , Славија и Свети Стефан, плажата после х.Метропол до Лагадин и кај плажата Атлантис ) постави садови за депонирање ситен отпад, а веќе во текот на вчерашниот ден садовите се украдени од плажата кај локалитет Горица 3.
Покрај причинетата материјална и финансиска штета , најголема штета трпат граѓаните и многубројните туристи кои уживаат во благодетите на Охридското Езеро. Во текот на денешниов ден се оставени нови садови за депонирање ситен отпад кои се надеваме нема да се цел на вандалско и деструктивно однесување.