Category Archives: АКТУЕЛНО

Донирано огревно дрво на семејство кое живее во субстандардни услови

По објавената сторија на некои електронски поратли за малата Наташа и нејзината мајка, водени од определбата за хуманост и грижата за секој поединец во нашето опкружување, Ј.П.„Охридски Комуналец„ донира огревно дрво на ова семејство.  Се надеваме дека оваа наша скромна помош ќе му помогне на ова семејство на кое за жал животот не им е благонаклонет. Живеат во субстандарни услови, во тешка материјална состојба, со тешки здравствени проблеми и во секојдневна борба со основните егзистенцијални потреби.

 

Огревното дрво е обезбедено од дрвјата кои беа отстранети при градежните зафати за реконструкција на ул.„Македонски Просветители”.

Со новите снежни врнежи дежурните екипи веднаш на терен

Со новите снежни врнежи кои го зафтија охридскиот регион уште од синoќа дежурните екипи на Ј.П.„Охридски Комуналец” излегоа веднаш на терен. Се интервенираше со сета расположива механизација, а денес уште од раните утрински часови се расчистуваат јавните пешачки патеки,  пешачки премини, чаршијата, пристапи до институции и други површини според приоритет.

Оглас за издавање под закуп на деловен простор во зградата на Градски Пазар

Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид објавува Оглас за издавање под закуп на деловен простор кој се наоѓа на кат во зградата на Градски пазар Охрид и тоа:

-Деловен простор со површина од 95 м2 , месечна цена за закуп е 3 евра/м2

На линкот подолу може да се информирате за содржината на огласот:

oglazzakup

Со новите снежни врнежи екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” веднаш на терен

Со новите снежни врнежи екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” веднаш на терен. Се мобилизираа сите оперативни служби со цел полесно справување со снежните врнежи. Снегот се расчистува од јавните пешачки површини од чаршијата, „Булевар Туристичка”, стариот дел од градот,  коловозите од патиштата кои водат до повисоките населени места, со цел да се обезбеди непречено движење на граѓаните.

 

Активности за одржување на јавното зеленило во стариот дел од градот

Екипите на „Паркови и зеленило” денеска спроведоа активности за тековно одржување на јавното зеленило во стариот дел од градот.

Се отстрануваше дива вегетација и се поткаструваа гранки за да се овозможи непречено движење на пешаци и возила покрај улиците „Аргир Маринчев”, „Климентов Универзитет”, просторот околу црквата Св. Богородица-Каменско и покрај тесни пристапни патеки во овој дел од градот.

Интервенирано со абразивни средства на пристапниот пат до с.Рамне

По повод верскиот празник „Св. Атанасиј Велики“ им излеговме во пресрет на барањетo на месното население од с.Рамне и  дежурните служби на Ј.П.„Охридски Комуналец”  денеска интервенираа  на пристапниот пат до с.Рамне со посипување на сол и ризла.

 

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Ј.П. ,,Охридски Комуналец” и Националниот парк Галичица

Денеска во просториите на Ј.У.Н.П.Галичица беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид и Националниот парк Галичица.
🖊Потпишувањето на овој меморандум е прв чекор на соработка помеѓу двете страни.
🤝Во иднина ќе следи склучување на меморандум за соработка со невладините организации и еколошки здруженија, со кои ќе се означи зголемување и проширување на соработката на полето на заштита на природата и одржување на чист и зелен Охрид.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

По утврден дефект на водоводната мрежа на просторот од дирекцијата на Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид кој е констатиран уште пред шест месеци од страна на екипите на Ј.П.„Водовод”-Охрид и доставени енормно високи сметки за потрошувачка на вода, од 18.01.2022 год. е прекинато водоснабдувањето и  се пристапи кон решавање на проблемот. Започнати се градежни активности со копање на водоводен канал и со одобрение од директорот се поставија нови водоводни цевки во должина од 120 метри. Во наредните денови се очекува да се надмине проблемот кој претходно не беше навремено саниран.

Во населба Исток се интервенираше со абразивни средства

Продолжуваме со активностите за одржување на јавни површини во зимски услови.  Поради ниските температури во населба Исток (од  почетокот па се` до највисоките делови на населбата) коловозот е посипан со сол и ризла.

 

Во овие поларни денови ќе затоплиме уште две семејства од социјално ранливи групи

Во овие денови кога сме сведоци на поларни денови со многу ниски температури, со донација на огревно дрво ќе ги затоплиме домовите на две семејства од социјално ранливи категории.

Оваа иницијатива ја реализираме во соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа -Охрид, а огревното дрво е обезбедено од дрвјата кои беа отстранети при градежните зафати за реконструкција на ул.„Македонски Просветители”.

Продолжуваме со чистење на снегот-Стар Град, населба Гоце Делчев(бараки) и с.Елшани

Продолжуваме со активностите за расчистување на снегот од населбите и приградските места со повисок приоритет

„Стар Град”

населба „Гоце Делчев” (бараки)

село Елшани

Снежната покривка се расчистува и од јавните пешачки површини

Ј.П.„Охридски Kомуналец” ги мобилизира сите оперативни служби со цел полесно справување со снежните врнежи. Покрај сообраќајниците, снегот се расчистува и од јавните пешачки површини со цел да се обезбеди непречено движење на граѓаните.

се расчистува снегот од тротоарите вдолж „Булевар Туристичка”

Ги потсетуваме граѓаните и правните субјекти за законската обврска која ја имаат согласно Законот за јавна чистота да го чистат снегот пред влезовите на своите домови и објекти со што ќе се обезбеди непречен пристап до нив.