Category Archives: АКТУЕЛНО
ДЕМАНТ
Последните изјави кои беа пласирани од ОК на ВМРО-ДПМНЕ ја докажаа несериозност со која пристапуваат кон суштински проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Охрид, а истите се под државна надлежност.
Се прашуваме во кој свет живеат па не можат да согледаат дека зимското одржување на улиците и јавните површини на територијата на општина Охрид се одвива со максимален интензитет, со максимално ангажирани дежурни служби, со сета потребна механизација и абразивни средства.
Ако ова не сакате да го согледате, тогаш одите малку подалеку, како на пример ул.„Железничка„ и „Булевар Туристичка„ за чие одржување е задолжено „Македонија Пат„, или пак уште подалеку, согледајте ја ситуацијата со која Кичево се справува со снегот, каде градоначалник е Ваш сопартиец.
Наместо Вашите ноторни лаги, ние на дело им докажуваме на нашите сограѓани дека сите улици во Охрид континуирано се чистат од снежните наноси, се чистат приградските населби, тротоарите, сообраќајниците и парковите. Сообраќајот се одвива нормално, а како се одвива меѓуградскиот сообраќај , колку часа им треба на граѓаните за патување на релацијата Охрид-Скопје? Наместо да упатувате неосновани обвинувања, како прво согледајте ги реалните проблеми, а како второ – РЕШЕТЕ ГИ!
Комуналец од ноќните часови на терен
Следејќи ја временската прогноза и најавите на метеоролозите, екипите на Ј.П.Охридски Комуналец, ноќеска уште во 2.00 часот излегоа на терен за расчистување на снегот. Беше ангажирана сета расположива механизација: 4 машини со нож, специјалните машини ИЦБ и РД и трактори со соларки. Покрај тоа ангажирани се и вработените од Јавна хигиена и зеленило кои рачно го расчистуваат снегот по пешачките зони и парковите. Бидејќи снежните врнежи за многу брзо време правеа покривка, на истите локации се делуваше во повеќе наврати. Екипите остануваат мобилни и сеуште се на терен и се делува на целата на територија на општина Охрид. Во ноќните часови се делуваше и кон селата Велгошти и Лакочереј, а во текот на денов се работи на патните правци кон селата Рамне, Велестово, Рача и др.


Утрово со новиот снег веднаш на терен
Утринските врнежи од снег, иако краткотрајни за бргу време формираа покривка над коловозите, тротоарите и другите јавни површини. Екипите на Јавна хигиена и Јавно зеленило веднаш излегоа на терен со 50 работници кои ги расчистуваа снежните наноси по тротоарите, раскрсниците, чаршијата и другите јавни површини. Со абразивни средства се делуваше и по коловозите, давајќи им приоритет на покритичните и пофреквентни улици. Во зависност од временските услови (се очекуваат врнежи од снег и во ноќните часови) нашите екипи остануваат мобилни.


РЕАКЦИЈА на прес-конференцијата на Шокароски
По повод неоснованите обвинувања кои пратеникот Шокароски ги изнесе на вчерашната прес-конференција, Ј.П.”Охридски Комуналец” ги демантира искажаните невистини:
– Како прво, да му честитаме на Др.Шокароски што обвинувањата ги
прочита “од прва”, без разлика дали се напишани на хартија или на “идиот”;
– Му честитаме на храброста што во време кога неговите колеги штрајкуваат и се борат за своите права, во време кога охриѓани веќе трета година се без болница и во време кога во Македонија сеуште умираат деца од дезинтерија (како да сме афричко племе), има доблест да држи лекции како треба да се управува со локалната самоуправа и јавните претпријатија.
Сепак не можеме како јавно претпријатие да останеме рамнодушни за изнесените небулози и лаги, па должни сме на охридската јавност да и’ ја кажеме вистината:
– Ј.П.”Охридски Комуналец” зема плата секој први во месецот и редовно ги подмирува сите обврски спрема државата;
– Доколку вашите партиски другари од ВМРО-ДПМНЕ ги платат обврските кои ги имаат кон нашето претпријатие, тогаш ние навреме ќе ги платевме обврските кон ЕВН; (во време кога ваши кадри (ВМРО-ДПМНЕ) го водеа Комуналец струјата и воопшто не се плаќаше);
* Ќе Ви наброиме само дел од дожниците спрема нашето претпријатие: здравствени институции (170.183,00 ден.); министерства (2.390.808,00 ден.); јавни претпријатија (4.171.347,00); резиденцијални вили на Претседателот и Владата (635.340,00);
* – Ј.П.”Охридски Комуналец” во последните три години не се има задолжено со кредит, туку отплаќа кредит од минати години.
Вашата прес-конференција можеби успеа да го побуди вниманието кај граѓаните од Зрновци, Чешиново и Свети Николе, меѓутоа охриѓани добро знаат зошто јавната чистота и услужната хигиена во Охрид е на највисоко ниво, зошто снегот е исчистен и како се уредени градските паркови. Ако тоа не го гледате Вие, можеби ќе се уверите ако ја посетите Струга, каде со комуналното претпријатие раководи кадар од ВМРО-ДПМНЕ.
Охрид, Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид
04.12.2012 год. Директор,
Сашо Алче
Првиот снег падна, екипите на Комуналец веднаш на терен
По синоќешните врнежи од снег, екипите од Ј.П.”Охридски Комуналец” веднаш пристапија кон расчистување на коловозите, каде поради ниските темперарури се јави опасност од голомразица и лизгање. Се работеше во текот на ноќните часови со посипување на сол и ризла по најфреквентните улици, како и улиците каде поради специфичноста на теренот потешко се одвива сообраќајот (населби “Бараки”, “Стар Град”, приградски населби Рамне, Велгошти Велестово, Лакочереј, Коњско и др) . Сообраќајниците се третираа со специјална механизација, а веднаш беа мобилизирани и работници за рачно расчистување на пофреквентните тротоари и чаршијата.
Овие активности се спроведуваат согласно Прогарама за зимско одржување со однапред определени дежурни служби, дефинирана механизација, алати и критични точки.



Ново зелено катче во комплекс Расадник
И во месец декември продолжуваме со реализација на проектот „Охрид-град на цвеќето 2012„. Овој пат ги разубавувавме зелените површини околу социјалните згради во станбен комплекс „Расадник„. Реконструирана е тревната површина, засадени се 16 дрвца од видот katalpa со кои ќе се формира дрворед покрај коловозот и поставени се 3 клупи.
Цвеќата и дрвјата се „бели дробови„ на градовите, а Ј.П.ОхридскиКомуналец секоја слободна површина во градот и во иднина хортикултурно ќе ја осмислува и оплеменува, било тоа да е центарот на градот или пак периферните делови.


Акција за зелен отпад „Видобишта„ (01.12.2012 год.-сабота)
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 01.12.2012 год.(сабота) ќе организира акција за подигање на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.) од населба „Видобишта„ .
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.
Се чисти крајбрежниот појас во близина на Холандскиот парк
Поради нискиот водостој на Охридското Езеро и натрупаните наноси од муљ покрај градскиот кеј, денеска од раните утрински часови екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведоа акција за чистење на локацијата во близина на холандскиот парк.
Наталожениот муљ со специјална механизација се багероваше и подигаше од езерските води при што се подигнати и транспортирани 25 м3 муљ.
Овие активности спаѓаат во делот „вонредни активности„ и се спроведуваат согласно Програмата за работа за 2012 год.
Акција за зелен отпад „Воска„ и „Даљан„ (24.11.2012 год.-сабота)
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 24.11.2012 год.(сабота) ќе организира акција за подигање на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.) во населбите „Воска„ и „Даљан„ .
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.
Дневно се собира 30 кубици паднат лист
Со одминувањето на есента, и ангажманот на екипите на Јавна хигиена и Јавно зеленило е интензивиран со активностите за собирање на паднатите лисја. Паднатиот лист се собира од јавно-прометните површини, како и од зелените површини, притоа рачното метење е надополнето со машинско метење. Дневно се собира околу 30 кубици лист од тротоарите, коловозите и парковите. Со максимална ангажираност и динамика , и во наредните денови вонредните активности ќе бидат ориентирани кон подигање на паднатиот лист од централното подрачје и периферните делови на градот.

Парковите цветни и во зима
Деновиве екипите на „Паркови и зеленило„ ги разубавуваат парковите во градот, заменувајќи ја летната цветна реколта со цветен саден материјал од видот viola (очиња) и dianthus (каранфилчиња). Превидено е во парковите на територијата на општина Охрид да се засадат околу 7.500 садници очиња и 2.500 каранфилчиња, кои се од сопствено производство од топлите леи на расадникот.Со овие видови на актуелно сезонско цвеќе парковите ќе го добијат својот сјај и весели бои во есенско-зимскиот период.

Акција за зелен отпад „Христо Узунов„ , „Карабегомала„ и „Горна Влашка Мала„ (17.11.2012 год.-сабота)
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 17.11.2012 год.(сабота) ќе организира акција за подигање на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.) во населбите „Христо Узунов„ , „Карaбегомала„ и „Горна Влашка Мала„ .
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.































