Category Archives: АКТУЕЛНО

Се расчистува шумскиот дел од Калето

Екипите на „Паркови и зеленило„ и „Јавна хигиена„  деновиве  расчистуваат повеќе локации од шумскиот дел на охридското Кале. Се работи на шумскиот дел кој се наоѓа покрај коловозот кој води од вториот Чинар до Горна Порта и од Горна Порта до месноста „Дрвара„. Повеќе  исушени дрвја од видот багрем и јасен се отстранети, а заради непречено движење на пешаците и возилата,  гранките од дрвјата кои се наоѓаат во непосредна близина на  коловозот се поткастрени, а ниската вегетација е отстранета.

Исто така интензивно се средува шумскиот дел под црквата „Св.Богородица Перивлепта„ .Од овој простор се подигна големо количество расфрлан отпад и истиот се расчисти од бршлените и трњето. Заради непристапноста на теренот сите активности се спроведуваа рачно.

Вакви и слични акции ги спроведуваме во соработка и координација со општина Охрид. 

IMAG00171

IMAG00201

IMAG00321

 

Успешно реализирана акцијата за чистење на речните корита и канали

 Ј.П.„Охридски Комуналец„ ја заврши широкоопфатната акција за чистење на речните корита и канали на територијата на општина Охрид за оперативната 2013 год. Оваа акција која се спроведе по налог на локалната самоуправа, започна на почетокот од месец октомври. Се делуваше на речните корита на реките Сушица и Грашница по нивните теченија во с.Велгошти, населба У.З.14 „Радојца Новичиќ„ (Црногорци), ул. „Железничка, „15-ти Корпус„, како и каналите во Студенчишко Блато, во с.Орман и во населба Даљан, во вкупна должина од 6.600 м. Дел од активностите за чистење се спроведуваа машински со ангажирање на сопствена специјална механизација , додека другиот дел каде заради непристапност на теренот беше невозможно машинско чистење, се делуваше рачно.

                                                                                                                                                                                    

DSCF64461

 

 

IMG104441

Оштетени 24 корпи за ситен отпад

За време на новогодишните празници настрадаа  корпите за ситен отпад поставени на градскиот плоштад, кејот и старата охридска чаршија. Оштетени се 24 корпи, а загрижува фактот што на потегот од првиот до вториот Чинар сите корпи се демолирани. Денеска нашите екипи пристапија кон санација на состојбата и поставување на нови корпи за ситен отпад.

IMG105251

 

IMG105261

СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ

Ј.П.”Охридски Комуналец” на сите граѓани на Општина Охрид, сите свои корисници и деловни партнери им ги честита новогодишните и божиќните празници со желби за среќна, успешна и бериќетна 2014 год.

Задоволен граѓанин кој гордо се носи со привилегијата што е граѓанин на Охрид ќе претставува појдовна точка во нашите секојдневни активности за исполнување на нивните потреби за чиста и здрава околина .

Cestitka-2014

Продолжува ноќното миење на улиците

Деновиве со зголемување на температурите продолжи акцијата за миење на улиците. ЈП Охридски Комуналец Охрид заради почист град пред претстојните празници започна со интензивно миење со што би се вратил сјајот на улиците. Деновиве се миеше централното градско подрачје а во наредиве ќе се продолжи и со периферните улици додека дозволуваат температурните услови.

Во изминатриов период се работеше интензивно со максимално искористување на работната сила со цел хигиената да биде на високо ниво, со што Охрид кај гостите кои ќе го посетат во престојниот период би го задржал впечатокот за чист град.

IMG10519_tn

IMG10518_tn

IMG10520_tn

Комуналец го расчитува снегот

 Според метеоролошката прогноза за снежни врнежи во текот на ноќта, дежурните служби од Комуналец  кои беа во приправност излегоа на терен во ноќните часови од 3,30 часот. Со специјалните возила посипани  се 7 м3 абразивни средства по главните сообраќајници во градот. Екипите на Јавна хигиена излегоа на терен од 5.00 часот и рачно го расчистуваа снегот од градската чаршија, тротоарите и патеките во стариот дел од градот. Посебен акцент се стави на локациите каде според свечената програма ќе се празнува Заштитникот на градот Охрид-Св.Климент Охридски (градскиот плоштад, просторот околу О.У.Св.Климент Охридски и патеката до Плаошник).

IMG105091

IMG10512

IMG105111

Интензивирани активностите пред празникот 8-декември

Пред претстојниот празник 8.декември – Св.Климент Охридски, кој воедно се одбележува како Ден на Општина Охрид, Ј.П.Охридски Комуналец ги интензивира своите активности околу одржувањето на јавната чистота и јавното зеленило. Темелно се чистат и уредуваат јавно-прометните и зелените површини каде по повод празникот ќе се одржуваат свечености: градскиот плоштад, дворот од О.У.„Климент Охридски„ и сите пристапни патеки кои водат до училиштето, патеката до Плаошник, просторот околу Домот на култура „Григор Прличев„ и др. Во градскиот парк продолжува акцијата за засадување на зимската цветна реколта, а на градскиот плоштад клупите и садовите за депонирање ситен отпад ќе светнат во нова боја.

IMG105031

IMG104981

IMG10502.1jpg

 

IMG105011

Започна засадувањето на зимската цветна реколта

Со започнување на месец декември „Паркови и зеленило„ започнаа со засадување на цветниот саден материјал кој ќе ги разубавува парковите во Охрид во зимскиот период. Планирано е од цветната реколта која е од сопствено производство да се засадат 50.000 садници од видот viola (очиња), како и 10.000 садници од видовите dianthus (каранфилчиња) и belis (белис).

cveke1

cveke5

Со разубавување ќе бидат опфатени: градскиот парк, плоштадот, кружните сообраќајници, парковската површина од зградата на локалната самоуправа, „Булевар Туристичка„ и други зелени површини во градот.

 

cveke4

cveke3

cveke6

Со првиот снег „Комуналец„ на терен

Со паѓањето на првиот снег дежурните екипи на Комуналец  излегоа на терен синоќа уште во 21.00 часот.  Согласно Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид се делуваше по  приоритет на  улици и реони со специјалните возила кои претходно беа ставени во состојба на приправност. Коловозите се посипуваа со мешавина од сол и ризла за непречено одвивање на сообраќајот. Интервенирано е со 9м3 абразивни средства  по улиците од Стар Град,  населба „Гоце Делчев„-„Бараки„ и сообраќајниците  од градот.

CAM006401

Фотографија03721

Комуналец подготвен за работа во зимски услови

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ деновиве ги интензивираа подготовките за подобро функционирање на сите свои служби во зимски услови, согласно најавите од Управата за хидрометеоролошки работи за снежни врнежи. Екипирани се дежурните служби кои се на располагање 24 часа, дефинирани се приоритетните улици и подрачја на делување, дефинирана е специјалната механизација и абразивни средства. Во стариот дел од градот, поради специфичноста на теренот, пристапните патеки и степенеци ќе  се чистат рачно, па од тие причини денес на повеќе пунктови се депонирани 50 вреќи сол. Обезбедени се доволни количини за расчистување на јавно-прометните површини на целата територија на општина Охрид.  

IMG10489

Акција за зелен отпад У.З.14 „Радојца Новичиќ„ (Црногорци) (23.11.2013 год.-сабота)

              Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 23.11.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  од населбa У.З.14 „Радојца Новичиќ„(Црногорци) .

          Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Со оваа акција завршува годинешниот циклус на акции за подигање кабаст и зелен отпад.

 

Нови леи со ружи ќе го красат Охрид

Најпрометната улица во Охрид -„Булевар Туристичка„ ќе ја красат нови леи  со ружи, растение кое со право го носи приматот кралица на цветовите. Од денеска се започна со засадување на потегот од спортската сала до сообраќајницата кај гимназијата. На овој потег се засадуваат 150 садници ружи од различен вид и различни нијанси од бои.

 lea

Со оваа активност ќе се продолжи по целата должина на „Булевар Туристичка„ , а предвидено е  леи со ружи да ги красат и другите фреквентни сообраќајници.