Category Archives: АКТУЕЛНО
Од активностите на Комуналец од тековната седмица

По барање на организаторите на пливачкиот маратон кој ќе се одржи викендов во Охрид се расчистуваше крајбрежниот појас на градскиот кеј (потег градско пристаниште-Холандски парк). Со ангажирање на специјална механизација од езерските води беше подигнат разновиден отпад: градежен шут, пластични отпадоци и др.
Ј.П „Охридски Комуналец„ реализира акција за расчистување на расфрланиот комунален отпад во близина на туристичкиот локалитет „Горица 3„ . Се расчистуваше потегот од кружниот тек под х.„Инекс„ до паркинг просторот кај „Горица 3 “, како и опфатот околу сообраќајницата која води од вилата на МВР до паркинг просторот. Немањето на еко-култура кај поединци резултираше во деградација на овој туристички локалитет, оставјќи го и расфрлајќи го отпадот зад себе.
Деновиве се реализира акцијата на заменување на старите корпи за ситен отпад со најлон кеси со нови корпи на градскиот кеј и ул.„Македонски Просветители„. Предвидено е поставување на нови 70 корпи за ситен отпад.
Екипите на „Паркови и зеленило„ темелно го расчистија просторот околу кружниот тек во населба „Даљан„ кој беше обраснат со бујна вегетација и трње.
Расчистен магистралниот пат во близина на Св.Стефан

Пред празнувањето на верскиот празник „Пренос на моштите на св.архиѓакон Стефан„ во манастирскиот комплекс Св.Стефан екипите на „Јавна хигиена„ извршија темелно расчистување на магистралниот пат, на потегот од паркинг-просторот кај „Горица 3„ до х.„Гранит„. На овој потег собрани се 30 вреќи комунален отпад (расфрлана хартија, пластика, лименки и др.).
Напоменуваме дека овој отпад беше расфрлан покрај магистралниот пат , чие одржување не е во надлежност на Ј.П.„Охридски Комуналец„ , додека во туристичката населба „Свети Стефан„ Комуналец има ангажирано изршител кој секојдневно ја одржува јавната хигиена.
Бројни активности на „Паркови и зеленило„

Екипите на „Паркови и зеленило„ во изминатава недела со бројни активности ги уредуваа градските зелени површини и создаваа нови цветни катчиња.
Во рамките на новото детско игралиште кое локалната самоуправа го уреди на ул.„Пере Тошев„ (нас.Лескајца), нашите екипи го уредија цветното катче во близина на ова игралиште.Формирани се две цветни леи со цвеќиња од видот „винка„ и декоративни грмушки.
Кај сообраќајната клучка на влезот во Охрид од патниот правец Скопје-Охрид извршена е хортикултурна реконструкција на тревнит дел каде е обработен површинскиoт слој и засаден е нов тревен расад. Засадени се цветни грмушки од видот хибискус и спиреа и формирани се пет цветни леи.
По старата градска чаршија по ул.„Гоце Делчев„ канделабрите сега ги красат висечки сардели, откако е извршена замена на претходно засадените петунии.
Од дрворедите по ул.„Булевар Туристичка„ и „Јане Сандански„ одстранети се четири (4) суви дрвја кои претставуваа потенцијална опасност за пешаците и сообраќајот и го деградираa околниот тротоар.
Нови корпи за ситен отпад во Пештани

Во с.Пештани екипите на „Охридски Комуналец„ поставија нови корпи за ситен отпад по новото шеталиште, а постоечките корпи со најлон-кеси кои се наоѓаа во близина на детското игралиште и централниот дел од селото се заменија со нови метални корпи. Во ова село во текот на туристичката сезона јавното претпријатие има поставено дежурни комунални работници кои ја одржуваат хигиента на јавно-прометните површини и плажата.
Се заврши жардињерата на Железничка, се косеше во Косел и кај скејт-паркот

Ј.П.„Охридски Комуналец„ го заврши хортикултурното уредување на бетонската жардињера на ул.„Железничка„ , по целата нејзина должина , на потегот од кружниот тек на ул. „15-ти Корпус„ до сообраќајната клучка на влезот во Охрид. Поради големата должина на сообраќајниоцата, активностите се изведуваа етапно и синхронизирано во соработка со другите јавни претпријатија во општина Охрид. Во првата фаза бетонската жардињера беше исполнета со земја и беше поставен систем за наводнување .Реализацијата на втората фаза започна со дополнување на жардињерата со површински слој од плодна хумусна земја, а потоа се засадија 3,000 декоративни зимзелени грмушки од видовите: пироканта, прунус, лоницера, котонастер, пиреа и др.
По повод претстојниот турнир во одбојка кој ќе се одржува во Охрид во близина на езерската полиција темелно се расчисти просторот околу игралиштето на песок и скејт-паркот.
По барање на М.З.од Косел се искоси просторот околу пристапните улици во ова село и патот кој води до црквата „Св.Илија„.
Туристичките населби интензивно се одржуваат

Во екот на туристичката сезона екипите на „Јавна хигиена„ и „Паркови и зеленило„ со зголемен интензитет ја одржуваат јавната хигиена и јавното зеленило во туристичките населби и села на охридското крајбрежје. Изминатата недела искосен е просторот околу коловозите, како и сите пристапни патеки во селата: Рача, Коњско, Трпејца и Љубаништа.
с.Љубаништа
с.Трпејца
Денеска се косеше просторот околу плажата во Грашница и плажата во туристичката населба Лагадин на потегот до авто-камп Елешец и се подигна расфрланиот ситен отпад (пластични шишиња, картонска амбалажа и лименки).
плажа Грашница
Расчистена зелена депонија на „Ванчо Питошески„- се косеше во Рача и кај „Проаква„

По налог на општинскиот Инспекторат Ј.П.„Охридски Комуналец„ изврши расчистување на локацијата која се наоѓа на ул.„Ванчо Питошески„ во близина на градинката „Лихнида„. Надвиснатото и неуредено зеленило кое се ширеше од оваа локација и се наоѓа на приватен имот претставуваше опасност во движењето на пешаците и автомобилите. Беше расчистен зелен отпад во енормни количини: трње, капини и гранки , кои се транспортирани во три тури.
Во рамките на тековните активности се изврши косење на тревата на ул.„Булевар Туристичка„ во близина на дирекцијата на „Проаква„ и косење на тревата околу сите пристапни патеки во с.Рача.
Се уредуваа Антички, Грашница, ул.Железничка, 15-ти Корпус и Туристичка

Пред отворањето на годинешното издание на реномираниот фестивал „Охридско лето„ , екипите на „Паркови и зеленило„ го расчистија и уредија тревниот дел кој се наоѓа над трибините од Антички театар.
Активно се вклучивме во акцијата која заеднички се реализира по иницијатива на Црвен крст-Охрид и претставник на Лајонс клубот од Гетеборг. Се чистеа плажите кои не се дадени под концесија на потегот од Грашница до населба Далјан, како и делот од крајбрежјето кај Холандскиот парк. Во оваа акција се собрани над 30 вреќи отпад.
Екипите на „Јавна хигиена„ , во рамките на своите редовни активности околу одржувањето на јавната чистота, ја уредуваа ул.„15-ти корпус„ на потегот од кружната сообраќајница до порнешната фабрика „Застава„, каде се косеше тревата околу тротоарот и коловозот и се изврши метење на јавните површини.
Исто така хортикултурно се уредуваше просторот опфатен со станбените згради на влезот во Охрид, инфо-центарот и игралиштето.
Денеска се заврши со засадување на бетонската жардињера на ул„Железничка„ на повеќе од половина од нејзината должина и се изврши тековно одржување на досега засадениот материјал, како и надополнување на садниците кои беа украдени.
Хортикултурно уредено шеталиштето во Пештани

Екипите на „Охридски Комуналец„ хортикултурно го оплеменаа новиот кеј во с.Пештани. На шеталиштето кое се протега од рибниот ресторан до поранешната зграда на полициската станица, претходно се постави систем за наводнување, а потоа на 15 партерно оформени катчиња се изврши засадување на 15 палми, а околу нив се засадени 75 шимшири и 150 парчиња сезонски цветен материјал од видот хипоестес. Со тоа крајбрежниот појас на Пештани доби лик како што доликува на оваа позната туристичка населба.
Екипите на „Паркови и зеленило„ продолжуваат со оформувањето на зелениот појас од бетонската жардињера на ул.„Железничка„ во зависност од динамиката и координација со другите активности околу одржувањето на јавното зеленило во градот.
Расчистен манастирскиот комплекс „Свети Наум„

По барање на Дебарско-кичевската епархија екипите на „Охридски Комуналец„ денеска уште од раните утрински часови пристапија кон расчистување на туристичко-манастирскиот комплекс „Свети Наум„. По одбележувањето на празникот посветен на светителот Св.Наум, комплексот е расчистен од влезот до манастирот, плажата, пристаништето и сите пристапни патеки. Ангажирани беа 10 комунални работници и специјално возило за подигнување на собраниот отпад, со што комплексот е вратен во првобитна состојба.
Комуналец со многубројни активности ја одржува јавната чистота

Ј.П.Охридски Комуналец со голем број активности ја започна првата седмица од месец јули. Екипите на „Паркови и зеленило„ го расчистуваа појасот околу коловозната лента од ул.„Ристо Чадо„ , на потегот од кружната сообраќајница кај ОЕМУЦ.„Св.Наум Охридски„ до игралиштето кај „Стобекс„. Заради непречено движење на пешаците и возилата отстранети се гранки, жбунови и друга вегетација.
Расчистен е просторот околу „Саат-кулата„ каде во иднина се планира да никне ново зелено катче.
Екипите на „Јавна хигиена„ по налог на општинскиот инспекторат го расчистуваат крајбрежниот појас пред х.„Палас„ од окрекот кој во овој период е во фаза на скапување. Активностите во најголем дел се изведуваат машински и се започнува рано наутро од 03,00 часот за да не се попречува движењето на туристите.
Акција за кабаст отпад У.З.13 „Железничка„, У.З.14 „Радојца Новичиќ„ и У.З.15 „15-ти Корпус„ (населба „Црногорци„)

На ден 28.06.2014 год.(сабота) Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ќе ја реализира последната акција за кабаст отпад во пролетниов циклус, а есенскиот циклус ќе започна во првата работна сабота во месец септември.
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 28.06.2014 год.(сабота)ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.13 „Железничка„, У.З.14 „Радојца Новичиќ„ и У.З.15 „15-ти Корпус„ (населба „Црногорци„).
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.