Category Archives: АКТУЕЛНО

Навремено расчистен просторот околу пристаништето пред „Богојавление -Водици„

Денешните поволни временски услови овозможија темелно расчистување на снежните наноси од пристаништето и потегот од кружниот тек на градскиот плоштад до Долна Порта.

Се подигаат расчистените снежни наноси

Ј.П.„Охридски Комуналец„ во текот на вчерашниот ден започна со акција за товарење на расчистените снежни наноси од улиците во централното градско подрачје, а во текот на ноќта  се подигаа снежните наноси од чаршијата, плоштадот и пристаништето.

Граѓаните да ги дислоцираат возилата и да го исчистат снегот пред нивните објекти

Заради најавените минусни температури во наредните денови   апелираме и ги потсетуваме граѓаните на општина Охрид, куќните совети и сопствениците на деловните објекти за законската обврска која ја имаат за чистење на снегот од пристапните површини до нивните индивидуални, станбени и деловни објекти.

Комуналец максимално ангажиран

Снегот кој континуирано паѓа во изминатото деноноќие непрекинато создава нова снежна покривка, па нашите служби се максимално ангажирани и во повеќе наврати се расчистуваат сообраќајниците и тротоарите како би се обезбедиле услови за проодност и движење на возилата и пешаците.

Продолжуваат активностите за расчистување на снегот

Продолжуваат активностите за расчистување на снегот. Нашите екипи интензивно работат на терен со сите расположиви ресурси: специјална механизација-камиони со специјален нож за чистење на снег

Снегот се рачистува и се интервенира во повеќе наврати

Следејќи ја временската прогноза и најавените снежни врнежи, во текот на вчерашниот ден се одржа координативен состанок на оперативните служби на Ј.П.„Охридски Комуналец„.

Интерен оглас бр.1/2019

Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид објавува интерен оглас бр.1/2019  за пополнување на работно место со унапредување на даватели на јавни услуги

Со првиот снег Комуналец на терен

Следејќи ја временската прогноза и најавениот снег  за денешниот ден дежурните служби при Ј.П.„Охридски Комуналец„ веднаш се екипираа и излегоа на терен.

Расчистен полигонот за мали спортови и речното корито на р.Сушица

По барање на правното лице кое стопанисува со просторот на поранешниот полигон за мали спортови и истиот простор го користи како паркинг-простор, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„  го расчистија истиот од расфрлан ситен комунален отпад и лисја.

Ново хортикултурно катче-дрвен воз во градскиот парк

Од денеска градскиот парк го краси дрвен воз кој 100% е сопствено производство на вработените од „Паркови и зеленило„ при Ј.П.„Охридски Комуналец„.

Оглас БПП 2-26/2018

Oглас  барање за прибирање на понуди  бр.2-26/2018

Набавка на машина за миење на улици, тротоари и друго со прскање-половна

Синоќа урбано дивеење низ Охрид

На кого му пречи епитетот „Најчист град во Македонија„ што Охрид со гордост го носи? Синоќешното дивеење низ улиците во Охрид и уништување на урбаната опрема ги надмина сите граници на цивилизирано однесување и сите прагови на толеранција.