Category Archives: АКТУЕЛНО
Оперативните служби веднаш на терен, се расчистува снежната покривка

Поради обилните снежни врнежи оперативните екипи на Ј.П.„Охридски Комуналец” веднаш излегоа на терен. Се интервенира според приоритет и се делува прво на повисоките места. Ангажирана е расположивата механизација, се расчистува снегот и се нанесуваат абразивни средства.
се расчистува коловозот од патот до с.Велестово
Во текот на денот ќе се интервенира по сообраќајниците и другите јавни површини согласно Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид за 2022 год.
Апелираме до граѓаните доколку не е неопходно да го избегнат движењето кон повисоките населени места за да се избегнат несакани последици.
Повторен Оглас за прибирање понуди
Се украсува централното градско подрачје
Ј.П.„Охридски Комуналец” се вклучува во подготовките за Богојавление-Водици

Ј.П.„Охридски Комуналец” активно се вклучува во подготовките за празнување на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Нашите оперативни служби темелно го расчистуваат делот од градското пристаниште од каде верниците влегуваат во езерските води по Светиот крст. Ангажирана е и механизација и се расчистуваат наносите од песок, трска и друг вид отпад.
Нашето претпријатие секогаш излегува во пресрет во подготовките за празнување на најмасовната црковно-верска манифестација во овој дел од православието по која Охрид стана препознатлив симбол.
Младите здрави дрвја од „Македонски Просветители” се пресадуваат во градскиот парк

Заради градежните зафати поврзани со реконструкцијата на ул.„Македонски Просветители„ , здравите млади дрвја од постоечкиот дрворед со јавори Ј.П.„Охридски Комуналец” ги засадува во градскиот парк на локации каде претходно се отстранети стари и деградирани дрвја.
Активностите се одвиваат под стручен надзор со строга контрола и внимателност за да се избегне оштетување на виталните делови од јаворите.
Повторно мапирани диви депонии, нашите служби интервенираа

Повторно мапирани локации со диви депонии каде несовесни граѓани несоодветно депонирале градежен шут и други материјали од реновирање на своите објекти.
интервенирано во с.Велгошти каде е расчистена дива депонија во близина на основното училиште
во населба Свети Стефан подигнат расфрлан градежен материјал во непосредна близина на контејнерите
Се уредува јавното зеленило

Екипите на „Паркови и зеленило„ со редовни и вонредни активности во одржувањето на јавното зелeнило.
Денес се отстрануваше жбунестата и висока вегетација која го попречуваше нормалното движење на пешаци и возила по ул.„Булевар Туристичка” и ул.„Даме Груев”.
Се отстрануваше и ниската вегетација по пешачките патеки околу НУ Центар за култура-Охрид.
Ј.П.„Охридски Kомуналец” донира садници на државните и јавните институции

Ј.П.„Охридски Kомуналец” организира акција со која на државните и јавните институции кои дејноста ја обавуваат на територијата на општина Охрид, им се доделуваат по 50 садници сезонски цветен расад од сопствено производство.
Целта на оваа акција е да им дадеме поттик на општествено одговорните институции да ги разубават своите дворови , а со своето уредено цветно катче да бидат пример за оплеменување на просторот, создавање здрави животни навики и заштита на животната средина.
Садниците можат да се подигнат од расадникот на Ј.П.„Охридски Kомуналец”.
Уште една донација на огревно дрво-овојпат на 7-члено семејство

Овој пат огревно дрво е донирано на 7-члено семејство примател на социјална помош. Со оваа хумана акција продолжуваме и понатака како резултат на зедничката акција помеѓу Ј.П.„Охридски Комуналец” и ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа -Охрид, а огревното дрво е обезбедено од дрвјата кои беа отстранети при градежните зафати за реконструкција на ул.„Македонски Просветители”.
Расчистена дива депонија во нас.Даљан

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” по добиен налог од општинскиот инспекторат расчистија уште една дива депонија лоцирана во населба Даљан во непосредна близина на крајбрежниот појас. Подигнати се енормни 44 кубици кабаст отпад, градежен шут, гуми од возила и др. По акцијата пристапниот пат е измиен со цистерна.
За жал оваа локација несовесни граѓани многу често ја користат за ненаменско ослободување од покуќнината и друг цврст отпад. Уште еднаш апелираме за сите потреби кои ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад, да се јават на дежурниот телефон 075-495-428 кој е достапен секој ден во неделата од 07.00 часот до 21 часот.
Одржан состанок со еколошки друштва и невладини организации за чист и зелен Охрид

Со единствена цел за чист и зелен Охрид, а во соработка со општина Охрид, Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид денес одржа прв работен состанок со ЈУ Национален парк Галичица, еколошки друштва и други невладини организации. Меѓусебната размена на практики и искуства е голема придобивка во мапирање на проблемите со кои секојдневно сме затекнати и ќе ни помогнат во детектирање на точките со диви депонии на територијата на општина Охрид, како и пронаоѓање на начини за полесно справување со овие проблеми. Ќе се потпише и меморандум за соработка помеѓу: Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид , ЈУ Национален парк Галичица, „Охрид SOS”, „Еко ФАП”, „Explorer”, „Културолошка иниоцијатива 5 до 12″, „Црвен Крст- Охрид”, „Чист Охрид”, „Енхелеус Лихнид”, „Еколошко друштво Грашница”, „Охрид Ultra Trail”, „Охрид Трчат”, „Акватек” и „Спиридон Спелео”.
Преку заедничка соработка и лична одговорност се надеваме дека ќе придонесеме во заштита на животната средина, зголемување на степенот на еколошка свест и едукација на населението и најмладите.