Category Archives: АКТУЕЛНО

Акција за кабаст отпад за жителите од нас.„Црногорци„ (27.10.2012 год.-сабота)

          Во последната сабота од месец октомври Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ќе ја организира последната акција за подигнување кабаст отпад од есенскиот циклус, а од месец ноември започнуваме со планираните акции за подигнување зелен отпад.

         Ги известуваме граѓаните на Општина Охрид дека на ден 27.10.2012 год.(сабота) ќе организираме акција за подигање кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.)  за граѓаните од  населба „Црногорци„ .

          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го извадат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигне.

Хортикултурно се уредува населба „Даљан„

Ј.П.„Охридски Комуналец„ со Програмата за работа за 2012 год., во делот за одржување на јавните зелени површини, има зацртано голем број активности за збогатување на парковските содржини како во централниот дел на Охрид, така и во периферните делови.

Деновиве хортикултурно се средува населба „Даљан„, населба во која гравитира голем број на население и застапени се голем број на колективни станбени објекти. Тревните површини се уредуваат, се поставуваат граничници, ќе се засадат украсни дрвја и ќе се постават клупи. Со вакви активности продолжува реализацијата на зацртаните планови зелено катче да никне во секој дел од градот.

Акција за кабаст отпад во „Видобишта„ (20.10.2012 год.-сабота)

           Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 20.10.2012 год.(сабота) ќе организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.)  во населба „Видобишта„ .

           Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го извадат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигне.

           Во есенскиов циклус ќе се одржи уште една акција за подигнување кабаст отпад во населба  „Црногорци„ (27.10.2012 год.), а во саботите во месеците ноември и декември ќе се организираат акции за подигање зелен отпад, за што граѓаните навремено ќе ги информираме.

Известување за сопствениците на хаварисани возила

Се известуваат сопствениците на хаварисани возила кои се депонирани во кругот на Р.Е.„Механизација„ – Ј.П.„Охридски Комуналец„ да ги отстранат своите возила од оваа локација. Доколку истото не го направат во рок од 10 дена, по овој рок хаварисаните возила ќе бидат дислоцирани на депонијата за градежен шут „Мауцхер„. 

Акција за кабаст отпад во „Воска„ и „Даљан„ (13.10.2012год.-сабота)

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 13.10.2012 год.(сабота) ќе организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.)  во населбите „Воска„  и „Даљан„ .

           Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го извадат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигне.

Секоја сабота акција, но отпадот пак на улица

И покрај акциите кои континуирано ги спроведуваме во саботите за подигнување на кабаст и зелен отпад од различни делови од градот, ниската еколошка свест кај поединци на површина ги исфрла овие грди слики со расфрлан зелен отпад на „Булевар Туристичка„. Апелираме до граѓаните за почитување на комуналниот ред и соодветно депонирање на кабаст и зелен отпад. За распоредот и динамиката на акциите за кабаст и зелен отпад за 2012 год. уредно ги информиравме граѓаните преку годишните календари, како и преку електронските медиуми.

Акција за кабаст отпад „Христо Узунов„, „Карабегомала„ и „Горна Влашка Мала„

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 06.10.2012 год.(сабота) ќе организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.)  во населбите „Христо Узунов„ , „Карабегомала„ и „Горна Влашка Мала„ .

           Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го извадат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигне.

Комуналец активно вклучен во акцијата за чистење на „Далјан„

На иницијатива на жителите на населба Далјан вчера беше организирана акција за расчистување на просторот околу подрачното училиште „Св.Климент Охридски„ во оваа населба и крајбрежниот појас во непосредна близина. Во акцијата активно се вклучи и Ј.П.„Охридски Комуналец„ со свои работници, алати и механизација, кои заедно со граѓаните ја расчистуваа локацијата.

Беше извршено и косење на тревата во училишниот двор, а подигнат беше 4м3 отпад.

 Нашето претпријатие секогаш безрезервно ќе ги помага, поттикнува и учествува во еко-акциите кои придонесуваат во развој и напредок на животната средина.

Ново зелено катче позади црквата „Света Софија„

Просторот позади катедралната црква „Света Софија„, во делот околу летната сцена која се користи за изведување на претстави во рамките на манифестацијата „Охридско лето„, деновиве интензивно се расчистува, а потоа и хортикултурно ќе се уреди. Просторот беше обраснат со бршлен и грмушки, а  се расчистуваа и суви гранки и оштетени дрвја. По оваа фаза ќе следи партерно и хортикултурно уредување, со поставување на клупи, корпи за отпадоци и осветлување. Со тоа оваа прометно-туристичка локација ќе  добие изглед каков што и заслужува со комплетно осмислено хортикултурно решение.  

 

 

 

 

 

 

 

Акција за кабаст отпад во населба “Гоце Делчев” (29.09.2012год.-сабота)

          Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 29.09.2012 год.(сабота) ќе организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.)  во населба „Гоце Делчев„.

           Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го извадат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигне.

Се расчистува просторот околу Саат-кулата

Деновиве екпите на Ј.П.Охридски Комуналец интензивно работат на расчистување на просторот околу старара саат-кула, каде се планира да никне ново катче со хортикултурно решен простор. Во почетнава фаза просторот се расчистува од обраснатите грмушки, треви и суви гранки. Потоа треба да се обезбедат пристапни патеки до локацијата, по што ќе следи и негово хортикултурно разубавување со засадување украсни садници, како и други пропратни елементи. 

 

 

 

 

 

 

 

 

Завршено зеленото катче (пресек „Јане Сандански„ и „Даме Груев„)

Екипите на „Паркови и зеленило„ деновиве  завршија со уредувањето на  новото зелено катче кое го разубавува просторот кај пресекот на улиците „Јане Сандански„ и „Даме Груев„. Прво беше поставен систем за наводнување, а потоа се пристапи кон уредување и поткастрување на веќе засадените дрва на овој простор, засадување на околу 80 нови украсни садници и обновување на тревниот дел. Со детското игралиште кое на овој простор го постави општина Охрид, овој простор го доби својот конечен изглед , кој со својата функционалност и инфраструктурна поставеност претставува пријатно катче за одмор за сите генерации.