Category Archives: АКТУЕЛНО

Акција за зелен отпад „Воска„ и „Даљан„ (24.11.2012 год.-сабота)

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 24.11.2012 год.(сабота) ќе организира акција за подигање на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.)  во населбитеВоска и „Даљан„ .

          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигне.

Дневно се собира 30 кубици паднат лист

Со одминувањето на есента, и ангажманот на екипите на Јавна хигиена и Јавно зеленило е интензивиран со активностите за собирање на паднатите лисја. Паднатиот лист се собира од јавно-прометните површини, како и од зелените површини, притоа рачното метење е надополнето со машинско метење. Дневно се собира околу 30 кубици лист од тротоарите, коловозите и парковите.  Со максимална ангажираност и динамика , и во наредните денови вонредните активности ќе бидат ориентирани кон подигање на паднатиот лист од централното подрачје и периферните делови на градот.

 

 

 

 

Парковите цветни и во зима

Деновиве екипите на „Паркови и зеленило„ ги разубавуваат парковите во градот, заменувајќи ја летната цветна реколта со цветен саден материјал од видот viola (очиња) и dianthus (каранфилчиња). Превидено е во парковите на територијата на општина Охрид да се засадат околу 7.500 садници очиња и 2.500 каранфилчиња, кои се од сопствено производство од топлите леи на расадникот.Со овие видови на актуелно сезонско цвеќе парковите ќе го добијат својот сјај и весели бои во есенско-зимскиот период.

 

 

Акција за зелен отпад „Христо Узунов„ , „Карабегомала„ и „Горна Влашка Мала„ (17.11.2012 год.-сабота)

            Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 17.11.2012 год.(сабота) ќе организира акција за подигање на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.)  во населбитеХристо Узунов , „Карaбегомала„ и „Горна Влашка Мала„ .

          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигне.

Зголемена динамика на подигнување отпад кај некои реони

Заради подобрување на степенот на хигиена на територијата на општина Охрид, Ј.П.„Охридски Комуналец„ од 12.11.2012 год.(понеделник) ја зголемува динамиката на подигање на комуналниот отпад од улици од кои досега се подигаше отпадот само еднаш, а сега ќе се подига два пати неделно, и тоа:

 

понеделник и четврток :        Богомилска, Караорман, Марко Нестороски, Петрино,    

                                                Веле Марков, Кленоец, Железничка, Крали Марко;

вторник и петок:                     Питу Гули, 15-ти Корпус, Александар Турунџев,

                                                 Мирка Гинова, Ѓорѓи Сугаре;

среда и сабота:                       Абас Емин, с.Рача, с.Д.Лакочереј и с.Г.Лакочереј;

 Кај дел од овие улици веќе се подигаше комуналниот отпад два пати неделно, а сега ќе бидат опфатени и помалите сокачиња и пристапни улици.     

Акција за зелен отпад „Гоце Делчев„ (10.11.2012 год.-сабота)

          Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 10.11.2012 год.(сабота) ќе организира акција за подигање на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.)  во населба „Гоце Делчев„ .

           Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигне.

„Комуналец„ со низа свечености го прослави својот празник

Патрониот празник „7-ми Ноември„ Ј.П.Охридски Комуналец го прослави со низа свечености и активности. Одбележувањето на празникот започна во  понеделникот (05.11.2012 год.) со одржување на хуманитарно продажна изложба на фотографии од Проектот „ Охрид-град на цвеќето 2012„ од авторот Петар Боев.  Изложбата се покажа повеќе од успешна, а средствата од продадените слики беа донирани во опремувањето на новите простории од детската градинка „Јасна Ристеска„.

Денес на свечен начин беше промовиран новиот парк позади црквата „Света Софија„. Овој простор кој беше запоставен, сега доби сосем друг лик. Целата површина е реконструирана, засадени се трева и украсни садници, а поставени се патеки, корпи, клупи и рефлектори.

Празнувањето продолжи во административните простории на претпријатието каде се доделени 27 јубилејни награди за 35, 25, 20 и 10 години непрекината работа на вработени. Беа доделени и 12 благодарници на наши деловни партнери кои  во изминатава година ја потпомогнаа и афирмираа работата на јавното претпријатие. За прв пат оваа година  доделени се награди за најуспешни работници од секоја работна единица, при што се даделени 6 награди за покажан успех и залагање во изминатата година.

                                                  доделување на јубилејни награди и благодарници

                     

                                         свечено промовирање на паркот позади „Света Софија„

                                          донирање на собраните средства во градинката „Јасна Ристеска„

                                         одржување на хуманитарно продажна изложба

 

 

БЛАГОДАРНОСТ за успешната хуманитарно продажна изложба

Хуманитарно продажната изложба на фотографии од проектот „Охрид-град на цвеќето 2012„ од авторот Петар Боев која вчера се одржа во лаунџ бар „Објектиф„. предизвика голем интерес кај нашите сограѓани, кои во огромен број ја посетија и уште еднаш докажаа дека имаат хумано срце.

Ј.П.„Охридски Комуналец„ изразува голема благодарност до сите присутни и сите кои со купената фотографија ќе го разубават детството на нашите најмали сограѓани со опремување на новите простории на детската градинка „Јасна Ристеска„.

 

Комуналец вклучен во хуманитарно продажната акција на фотографии

Посебно задоволство и чест за Ј.П.Охридски Комуналец претставува одржувањето на хуманитарно продажната акција на фотографии од проектот „Охрид-град на цвеќето 2012„ од авторот Петар Боев.

„Охрид-град на цвеќето 2012„ е проект со кој  е зацртано секоја слободна површина во градот да биде хортикултурно уредена и засадена со актуелно сезонско цвеќе. Во рамките на проектот  хортикултурно се уредија голем број  дворови и тераси од приватни и правни лица со цветни аранжмани кои низ објективот на странските туристи го промовираа Охрид како цветна разгледница.

   Сега не радува фактот што Охрид овековечен во цветните фотографии  на Боев ќе им пружи радост на нашите најмали сограѓани за опремување на новите простории на детската градинка „Јасна Ристеска„. Настанот наиде на широк одзив кај пошироката јавност и медиумите, па ги покануваме сите заинтересирани да присуствуваат на настанот 05.11.2012 год (понеделник) во „Објектиф„, со почеток во 20.00 часот.

Акција за зелен отпад „Билјанини Извори„ (03.11.2012 год.-сабота)

          Почнувајќи од првата сабота во месец ноември,  Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид го започнува есенскиот циклус на акции наменети за граѓаните на општина Охрид за подигнување  на зелен отпад. Акциите ќе се реализираат секоја сабота почнувајќи од 03.11.2012 год. заклучно со 15.12.2012 год., опфаќајќи различни реони од градот.

             Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 03.11.2012 год.(сабота) ќе организира акција за подигање на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.)  во населба „Билјанини Извори„ .

          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигне.

Продолжуваат активностите за расчистување на кејот

Продолжуваат активностите за расчистување на градскиот кеј од наносите од отпад кои се натрупаа на крајбрежјето со поледното невреме проследено со силен ветер и врнежи од дожд.

Ј.П.Охридски Комуналец од неделата(28.10.2012 год) интензивно работи на расшистување на наносите од реса, пластика, муљ и друг вид отпад, при што до денеска се подигнати околу 80 м3 отпад. Расчистувањето се врши  рачно  и машински, а сега следи фазата на багеровање и товарење. Во зависност од временските услови, со овие активности продолжуваме и во наредниот период.

 

 

 

 

 

 

Силното невреме натрупа огромни количини отпад на кејот

Вработените од “Јавна Хигиена” деновиве со зголемено темпо, надвор од редовните активности, работеа на расчистување на кејот на потегот од пристаништето до Холандскиот парк. Поради силното невреме проследено со силни врнежи од дожд и силен ветер кејот интензивно се расчистува од натрупаниот отпад: реса, окрек и неразградлив отпад каде најзастапени се пластичните шишиња. Во овие два дена подигнати се  28 м3 отпад, а со активностите се продолжува и во наредните денови.