Category Archives: АКТУЕЛНО

Кај „Мазија„ ќе никне ново зелено катче

Кај областа „Мазија„ која се наоѓа во близина на обновеното живеалиште на жолтвиот локвањ, Комуналец деновиве работи на формирање на ново зелено катче. Железната ограда која беше поставена во тревниот дел покрај каналот е дислоцирана и сиот простор ќе се расчисти од обраснатите жбунови, трње и расфрланиот отпад.  Земјениот дел ќе се обработи и ќе се засадат украсни зимзелени садници, листопадни садници и сезонско цвеќе според естетско хортикултурно решение.

2013-10-07 08.46.131

IMG104081 

IMG104091

Со тоа градскиот парк ќе биде збогатен со ново катче кое во иднина ќе биде тековно одржуван од екипите на „Паркови и зеленило„. 

Во пресрет на инвестицискиот самит се уредува „Света Софија„

По повод одржувањето на Глобалниот инвестициски самит во организација на „Македонија2025„ кој ќе се одржи во Охрид во периодот 8-10 октомри 2013 год., нашите екипи интензивно работат на уредување на одредени локации. Така за потребите на самитот интензивно се уредува просторот околу црквата „Света Софија„ , дворот и делот позади црквата. Целиот простор генерално се чисти и хортикултурно се уредува, по што и темелно ќе се измие.

 

IMG104041

 

IMG104071

 

IMG104061

Средување на просторот околу објектот на Македонска Телевизија

Ј.П. Охридски Комуналец Охрид по налог на локалната самоуправа спроведе акција за чистење и средување на просторот околу објектот на наплатниот пункт на Македонска телевизија зад скалестата зграда.

Во акцијата учествуваат работници и механизација со која располага јавното претпријатие, кои сечат дрва, грмушки , се остранува фрлениот шут , комунален и кабаст отпад со што овај простор  би добил соодветен лик.

IMG10400mark

 

 

IMG10399mark2

Акција за кабаст отпад од Христо Узунов, Карабегомала, Горна Влашка Мала (05.10.2013-сабота)

              Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.10.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  од населбите „Христо Узунов„ , „Карабегомала„  и „Горна Влашка Мала„ .

          Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Се чисти речното корито на Велгошка Река

По налог на општина Охрид, а согласно испланираните годишни редовни и вонредни активности, екипите на Комуналец деновиве го расчистуваат речното корито на Велгошка Река, во близина на поранешната фабрика „Езерка„. Се работи комбинирано, со употреба на специјална механизација, но поради непристапноста на теренот голем дел од активностите за расчистување се одвиваат и рачно.

 IMG103951

IMG103931

Се очекува да се подигнат 30м3 отпад :  натрупана земја, чакал, пластична амбалажа и друг вид отпад. Со ова ќе се минимизира можноста за прелевање на водата од своето речно корито и поплавување на околното земјиште.

IMG103961

Нека Охрид биде препознатлив по палмите

Расадникот кој функционира во рамките на работната единица „Паркови и зеленило„ нуди широк асортиман од декоративните садници од видот палми-“trachycarpus  fortunei”. Овие тропски растенија заради својата украсна вредност и егзотичен изглед, на парковските површини им даваат посебна убавина и изглед. Палмите од видот “trachycarpus  fortunei”  добро се аклиматизирани на временските услови во охридскиот крај , отпорни се на ниски температури, а есенскиот период е идеално време за нивно засадување.

Палмите се по пристпана и сега намалена цена, а  граѓаните во Расадникот можат да добијат корисни совети околу нивното сасадување и одржување.

IMG103491

 

IMG10347

Акција за кабаст отпад од населба „Гоце Делчев„ (позната како „Бараки„)-28.09.2013 год.

              Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 28.09.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  од населба „Гоце Делчев„ позната како „Бараки„.

          Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Еколошки острови во основните училишта-син, зелен и жолт контејнер

Ј.П.Охридски Комуналец  во соработка со “Пакомак” -Скопје денеска одржа работен состанок со директорите на основните школи на територијата на општина Охрид. Главната цел на овој состанок е заштита и унапредување на животната средина со тенденција на намалување на количествата отпад преку негова селекција и рециклирање, за што нашите најмлади сограѓанчиња ќе се едуцираат и ќе стекнуваат еко-навики од школската средина.

Ј.П.Охридски Комуналец   во школските дворови од основните училишта ќе постави по три контејнери:  син контејнер во кој ќе се фрлаат отпадоци од хартија (весници, тетратки, хартиени вреќи и кеси и.т.н.); зелен контејнер  во кој ќе се депонира отпад од метал (лименки, конзерви, метални кутии и капачиња)  и жолт контејнер во кој ќе се фрлаат пластични отпадоци (пластични шишиња, чаши и кутии, кеси и најлон фолии).

На овој начин нашата најмлада популација најдобро ќе ја имплементира еко-заштитата во својата средина,  со што ќе придонесат  за заштита на целата планета. Средставата пак собрани од селектираниот отпад ќе овозможат реализирање на многу други еколошки проекти и подобра иднина за новите генерации кои ќе седнат во школските клупи.

IMG1

img2

Се уредуваат тротоарите и зелениот појас на „Булевар Туристичка„

Екипите на Јавно зеленило и Јавна хигиена деновиве интензивно работат на  уредување на пешачката зона на „Булевар Туристичка„, како и на обновување на зелениот појас на потегот  од градскиот пазар до сообраќајната клучка при влезот во Охрид. Овие активности се спроведуваат по налог на општина Охрид. Во делот од пешачките патеки од двете страни на „Булеварот Туристичка„, темелно се чистат тротоарите од наносите од песок, земја и трева со  рачно одстранување на .

IMG103851

IMG103871

IMG103881

Зелениот појас помеѓу двете коловозни ленти на овој потег се реконструира со нивелирање на земјените наноси и засадување на нова тревна обвивка. Активностите се одвиваат етапно, а временскиот период и временските  услови  се идеални  за овие хортикултурни активности за добивање на нов изглед на зелените јавни површини. 

 

Пешачката патека во нас.„Охридати„ ставена повторно во функција

Пешачката патека на ул.„АСНОМ„ во населба „Охридати„ од денеска е санирана и повторно проодна за пешаци. Имено, физички лица бесправно имаа засадено повеќегодишни зимзелени дрвја на самата јавна површина, иначе пешачка патека, која веќе  подолг период беше вон функција и непроодна за пешаци. По налог на локалната самоуправа екипите на Комуналец извршија сечење на дрвјата и пешачката патека е ставена во функција.

IMG103791

IMG103811

IMG103821

Акција за кабаст отпад населба „Билјанини Извори„-сабота 21.09.2013 год.

              Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 21.09.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  од населба „Билјанини Извори„.

          Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Минатонеделната акција која се спроведе во централниот град на градот помина со одличен одзив и беа подигнати  8 м3 кабаст отпад.

DSCF62981

DSCF63011

DSCF63041

Се уредува У.З.„Радојца Новичиќ„

Денеска екипите на Ј.П.Охридски Комуналец започнаа сеопфатна акција за чистење и уредување на У.З.„Радојца Новичиќ„. Овие активности се спроведуваат по неодамнешната остварена средба на Градоначалникот Бакрачески со претставници од оваа урбана заедница, каде граѓаните ги изнесоа и своите потреби од аспект на одржување на јавната хигиена и зеленило.

Со координирана акција на екипите на „Јавна хигиена„ и „Паркови и зеленило„ хортикултурно се уредуваат дрворедите покрај пешачките зони, се кастрат гранки, се коси тревата, темелно се чистат и метат тротоарите и граничниците и се подига расфрланиот отпад.

IMG103661

IMG103671

IMG103701

DSCF63391JPG

DSCF63401

Со акцијата е опфатено и чистењето на речното корито на река Грашница, во близина на  ул.„Железничка„, каде е ангажирана специјална механизација.

 DSCF63231

 DSCF6324

Во наредниот период  Ј.П.Охридски Комуналец ќе ја продлабочи соработката со урбаните заедници и со вакви акции ќе биде присутен во секој дел од градот.