Category Archives: АКТУЕЛНО
Акција за кабаст отпад населба „Видобишта„ (19.10.2013 год.-сабота)

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 19.10.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) од населба „Видобишта„ .
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Се чисти крајбрежниот појас

Ј.П. “Охридски Комуналец” Охрид денеска во 5 часот започна акција за багеровање и отстранување на наносите на муљ на потегот пред хотел “Милениум”. Овај муљ се јавува како резултат на нискиот водостој на Охридското Езеро и поради периодот на скапување на езерските алги.
Паралелно со ова рачно се чистеше езерото и пред хотел “Палас” од наноси на окрек и реса, на кое место редовно преку цела година се собира трска, реса , окрек.
Во акцијата на расчистување по предходен налог од Комуналната инспекција учествуваа Р.Е. “Механизација” и Р.Е. “Јавна Хигиена” при што беа отстранети 30 м3 муљ и алги.
Акција за кабаст отпад „Воска„ и „Даљан„ (12.10.2013 год.-сабота)

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 12.10.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) од населбите „Воска„ и „Даљан„ .
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Кај „Мазија„ ќе никне ново зелено катче

Кај областа „Мазија„ која се наоѓа во близина на обновеното живеалиште на жолтвиот локвањ, Комуналец деновиве работи на формирање на ново зелено катче. Железната ограда која беше поставена во тревниот дел покрај каналот е дислоцирана и сиот простор ќе се расчисти од обраснатите жбунови, трње и расфрланиот отпад. Земјениот дел ќе се обработи и ќе се засадат украсни зимзелени садници, листопадни садници и сезонско цвеќе според естетско хортикултурно решение.
Со тоа градскиот парк ќе биде збогатен со ново катче кое во иднина ќе биде тековно одржуван од екипите на „Паркови и зеленило„.
Во пресрет на инвестицискиот самит се уредува „Света Софија„

По повод одржувањето на Глобалниот инвестициски самит во организација на „Македонија2025„ кој ќе се одржи во Охрид во периодот 8-10 октомри 2013 год., нашите екипи интензивно работат на уредување на одредени локации. Така за потребите на самитот интензивно се уредува просторот околу црквата „Света Софија„ , дворот и делот позади црквата. Целиот простор генерално се чисти и хортикултурно се уредува, по што и темелно ќе се измие.
Средување на просторот околу објектот на Македонска Телевизија

Ј.П. Охридски Комуналец Охрид по налог на локалната самоуправа спроведе акција за чистење и средување на просторот околу објектот на наплатниот пункт на Македонска телевизија зад скалестата зграда.
Во акцијата учествуваат работници и механизација со која располага јавното претпријатие, кои сечат дрва, грмушки , се остранува фрлениот шут , комунален и кабаст отпад со што овај простор би добил соодветен лик.
Акција за кабаст отпад од Христо Узунов, Карабегомала, Горна Влашка Мала (05.10.2013-сабота)

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.10.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) од населбите „Христо Узунов„ , „Карабегомала„ и „Горна Влашка Мала„ .
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Се чисти речното корито на Велгошка Река

По налог на општина Охрид, а согласно испланираните годишни редовни и вонредни активности, екипите на Комуналец деновиве го расчистуваат речното корито на Велгошка Река, во близина на поранешната фабрика „Езерка„. Се работи комбинирано, со употреба на специјална механизација, но поради непристапноста на теренот голем дел од активностите за расчистување се одвиваат и рачно.
Се очекува да се подигнат 30м3 отпад : натрупана земја, чакал, пластична амбалажа и друг вид отпад. Со ова ќе се минимизира можноста за прелевање на водата од своето речно корито и поплавување на околното земјиште.
Нека Охрид биде препознатлив по палмите

Расадникот кој функционира во рамките на работната единица „Паркови и зеленило„ нуди широк асортиман од декоративните садници од видот палми-“trachycarpus fortunei”. Овие тропски растенија заради својата украсна вредност и егзотичен изглед, на парковските површини им даваат посебна убавина и изглед. Палмите од видот “trachycarpus fortunei” добро се аклиматизирани на временските услови во охридскиот крај , отпорни се на ниски температури, а есенскиот период е идеално време за нивно засадување.
Палмите се по пристпана и сега намалена цена, а граѓаните во Расадникот можат да добијат корисни совети околу нивното сасадување и одржување.
Акција за кабаст отпад од населба „Гоце Делчев„ (позната како „Бараки„)-28.09.2013 год.

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 28.09.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) од населба „Гоце Делчев„ позната како „Бараки„.
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Еколошки острови во основните училишта-син, зелен и жолт контејнер

Ј.П.Охридски Комуналец во соработка со “Пакомак” -Скопје денеска одржа работен состанок со директорите на основните школи на територијата на општина Охрид. Главната цел на овој состанок е заштита и унапредување на животната средина со тенденција на намалување на количествата отпад преку негова селекција и рециклирање, за што нашите најмлади сограѓанчиња ќе се едуцираат и ќе стекнуваат еко-навики од школската средина.
Ј.П.Охридски Комуналец во школските дворови од основните училишта ќе постави по три контејнери: син контејнер во кој ќе се фрлаат отпадоци од хартија (весници, тетратки, хартиени вреќи и кеси и.т.н.); зелен контејнер во кој ќе се депонира отпад од метал (лименки, конзерви, метални кутии и капачиња) и жолт контејнер во кој ќе се фрлаат пластични отпадоци (пластични шишиња, чаши и кутии, кеси и најлон фолии).
На овој начин нашата најмлада популација најдобро ќе ја имплементира еко-заштитата во својата средина, со што ќе придонесат за заштита на целата планета. Средставата пак собрани од селектираниот отпад ќе овозможат реализирање на многу други еколошки проекти и подобра иднина за новите генерации кои ќе седнат во школските клупи.
Се уредуваат тротоарите и зелениот појас на „Булевар Туристичка„
Екипите на Јавно зеленило и Јавна хигиена деновиве интензивно работат на уредување на пешачката зона на „Булевар Туристичка„, како и на обновување на зелениот појас на потегот од градскиот пазар до сообраќајната клучка при влезот во Охрид. Овие активности се спроведуваат по налог на општина Охрид. Во делот од пешачките патеки од двете страни на „Булеварот Туристичка„, темелно се чистат тротоарите од наносите од песок, земја и трева со рачно одстранување на .
Зелениот појас помеѓу двете коловозни ленти на овој потег се реконструира со нивелирање на земјените наноси и засадување на нова тревна обвивка. Активностите се одвиваат етапно, а временскиот период и временските услови се идеални за овие хортикултурни активности за добивање на нов изглед на зелените јавни површини.