Category Archives: АКТУЕЛНО

Расчистување на кејот

Вчерашниот силен ветер од јужен правец натрупа големи количини разновиден отпад по градскиот кеј и пристаништето. Чистењето на кејот и езерото од окрек, муљ, трска и друг вид отпад, е дел од секојдневните активности на Ј.П.”Охридски Комуналец”

Соопштение

Ј.П. “Охридски Комуналец” Охрид ги известува граѓаните на територијата на општина Охрид дека почнувајќи од 01.07.2017 година комуналниот отпад ке го подига со почеток во 06:00 часот.

Исчистена дива депонија во с. Трпејца

Дел од екипите при Ј.П. “Охридски Комуналец”, по барање на месното население, денес исчистија дива депонија создадена од несовесни граѓани во с. “Трпејца”

Косење во нас. Далјан и од с. Орман до с. Лакочереј

Согласно планот за работа на Ј.П. “Охридски Комуналец” денес се изврши акција за косење и уредување на тревните површини, и кастрење на надвиснатите гранки во нас. “Далјан” и на потегот од с. “Орман” до с. “Лакочереј”, со цел да се зголеми прегледноста за возилата и безбедноста на пешаците кои се движат на тој дел.

Оштетени садници на патеката

Утринава дежурните екипи на Ј.П. “Охридски Комуналец” забележаа повторно оштетување на садниците на патеката од мостот до “Горица”.

Се расчистуваше во с.Љубаништа

Денес дел од екипите при Ј.П. “Охридски Комуналец” спроведоа акција за расчистување на потегот од автокампот “Љубаништа”, се до викендиците.

Чистење кај училиштето св. Климент Охридски во нас. Далјан

Дел од екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” денес беа ангажирани на расчистување на просторот помеѓу училиштето “св. Климент Охридски” во нас. Далјан и хотелот “Магнус”.

Поставени нови контејнери за стакло

Ј.П. “Охридски Комуналец” во соработка со ДОО “Пакомак” – Скопје постави 15 специјализирани контејнери за одлагање на отпад од стакло, со што граѓаните ќе можат стаклото да го издвојуваат од другиот отпад и да го депонираат во тие контењери.

Запалени контењери кај Лабино

Дежурните екипи на Ј.П. “Охридски Комуналец” повторно затекнаа 2 комплетно изгорени контењери, овој пат кај плажата “Лабино”. Овие контењери се користеа од страна на угостителските објекти на потегот од св. Софија до Канео.

Се припрема теренот за новиот дрворед на тротоарите на бул. Туристичка

Дел од екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” започна со припреми на теренот за засадување на новите дрва на тротоарите на бул. “Туристичка”.

Хортикултурно се уредуваат кружните и парковите

Екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец”, покрај тековните активности, деновиве се ангажирани на хортикултурно уредување на парковите покрај кејот и кружните токови на бул. “Туристичка”.

Цветни балкони – Цветен Охрид

Денес во рамки на проектот “Цветни балкони – Цветен Охрид” кој е во реализација на Општина Охрид во расадникот на Ј.П. “Охридски Комуналец” се започна со делење на жардиниери со саксиско цвеќе на жителите