Category Archives: АКТУЕЛНО

Оглас за продажба на основни средства-возила

Се известуваат сите физички и правни лица на територијата на општина Охрид дека Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид врши продажба на основни средства-возила.

Комуналец максимално ангажиран изминатиот викенд

Оперативните служби при Ј.П.„Охридски Комуналец„ беа максимално ангажирани изминатиов викенд кога на охридското крајбрежје престојуваа огромен број на туристи. Се расчистуваа локациите каде се одржуваа најразлични манифестации и концерти, како и фреквентните улици во центарот на градот, зелените површини, коловозите, пешачките патеки и просторот околу јавните добра. 

Се расчистува делницата од „Петља„ до Подмоље

Оперативните служби на Ј.П. “Охридски Комуналец” спроведоа акција за расчистување на магистралниот пат Охрид-Скопје на делницата од сообраќајната клучка-Петља до Подмоље.

Цветен тунел до споменикот Св.Климент Охридски

Од денеска граѓаните на Охрид како и многубројните туристи ќе можат да пристапат до градскиот плоштад и споменикот на патронот на градот Св.Климент Охридски движејќи се по „цветен тунел„ .

Расчистени јавните површини по „Бела ноќ„

Дежурните служби на Ј.П.„Охридски Комуналец„ уште од раните утрински часови пристапија кон расчистување на јавните пешачки и зелени површини на сите локации каде синоќа се одбележуваше „Бела ноќ„.

Нови канти во Стар Град

Старите канти за комунален отпад во стариот дел од градот се заменети со нови. Денеска на фреквентни и лесно пристапни локации во стариот дел на градот се поставени нови садови за отпад со капацитет од 240 л.

Расчистен манастирскиот комплекс „Свети Наум„

По одбележувањето на празникот посветен на светителот Св.Наум, денеска уште од раните утрински часови екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ пристапија кон расчистување на туристичко-манастирскиот комплекс „Свети Наум„.

Расчистен просторот под Калето и градското пристаниште

Согласно оперативната програма за работа за 2018 год. на Ј.П.„Охридски Комуналец„ и вонредните активности пропишани со неа, денес се спроведе расчистување на две фреквентни локации со ангажирање на специјална механизација- ровокопач.

Во летната сезона отпадот ќе се подига од 06.00 часот наутро

Заради зголемениот обем на работа во летниот период Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека почнувајќи од 01.06.2018 год. комуналниот отпад ќе се подига од 06.00 часот наутро

Се расчистува кејот и се одржуваат тревните површини

Вчерашното невреме проследено со интензивни локални врнежи и силниот ветер од јужен правец повторно натрупа огромни количини отпад на градскиот кеј и пристаништето.

Акција за генерално чистење на општина Охрид

Општина Охрид денес организира акција за чистење на повеќе локации на територијата на општина Охрид во која активно учество зедоа вработените од сите јавни претпријатија.

Вандалски оштетен новиот дрворед на Туристичка

Непознати лица на вандалски начин го оштетија ново засадениот дрворед од јасени на „Булевар Туристичка„ (на потегот од кружниот тек на пресекот со „Стив Наумов„ до пресекот со „Ариф Мустафа„) .