Заштитата на животната средина, зголемување на степенот на еколошка свест и едукација на населението и најмладите, се активности кои Ј.П.„Охридски Комуналец„ ги реализира и наметнува во секојдневниот живот и работните активности.
Пролетта е период кога интензивно хортикултурно се средуваат парковите и градините. Ј.П.”Охридски Комуналец” Охрид преку Секторот за паркови и зеленило врши одржување и уредување на јавните парковски површини.
Високиот водостој на реките кои се влеваат во Охридско Езеро како и нивото на езерото кое се ближи до максимално дозволената граница, повторно предизвика натрупување на отпад во крајбрежниот појас кај Холандскиот Парк и месноста Мазија.
Денес екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведоа акција за чистење на крајбрежниот појас во месноста Грашница, на потегот од вливот на река Грашница до Калето.
Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведоа акции за расчистување на крајбрежниот појас на локалитетите: Лабино, Сараиште, Грашница и градското пристаниште.
Со подобрување на временската ситуација, Ј.П.„Охридски Комуналец„ изминатите денови пристапи кон машинско миење на улиците во градот. На тој начин отстранети се абразивните средства кои беа употребени во зимското одржување.
Градскиот кеј ова утро се разбуди во огромни количини натрупан отпад: трска, муљ и тешко разградлив комунален отпад. Силниот ветер што дуваше изминатата ноќ од езeрските води исфрли големи наноси отпад на целиот потег од градскиот кеј.
We use cookies to ensure that we give you the best experience on our website. If you continue to use this site we will assume that you are happy with it.Ok