Category Archives: АКТУЕЛНО

Акција за собирање кабаст отпад У.З.11.Видобишта 15.10.2022 год.(сабота)

Ј.П.„Охридски Kомуналец”-на ден 15.10.2022 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) во  У.З.11 Видобишта.

Жителите од оваа урбана заедница ќе имаат можност кабастиот отпад уредно да го депонираат на пристапни локации, најкасно до 07.00 часот на 15.10.2022 година  и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.

Заврши акцијата за чистење на магистрален пат Охрид-Св.Наум, само од дивите кампери собрани стотина вреќи отпад

Денеска екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” завршија со акцијата која изминативе 15 дена ја спроведоа за расчистување на расфрланот комунален отпад покрај магистралниот пат Охрид-Свети Наум. Денес се собираше отпад од последната етапа кај село Љубаништа, до манастирскиот комплекс Свети Наум и до границата со Република Албанија. Вкупно се собрани околу 600 вреќи тешко разградлив комунален отпад.

За жал и оваа година не не` одминаа сликите со купишта отпад кој зад себе го оставија дивите кампери на една од најубавите плажи на источното крајбрежје од Охридско Езеро, во близина на кампот Љубаништа. Само на потегот после кампот Љубаништа до манастирскиот  комплекс Свети Наум се собрани околу 100 вреќи отпад.

Екипите на „Паркови и зеленило” го санираа оштетениот дел од чинарот во населба Кошишта

Екипите на „Паркови и зеленило” го санираа оштетениот дел од чинарот во населба Кошишта.

По добивање на информациите за откинатата голема сува гранка од чинарот, нашите екипи од раните утрински часови пристапија кон безбедно санирање на состојбата со обезбедување на просторот и отстранување на оштетените делови, без да настанат последици по минувачите и блиската зграда.

Превентивно се отстранети  и други делови од напукнатото дрво, за да се спречи натамошно оштетување.

Акција за чистење на магистралниот пат до Свети Наум

Со цел да се обрати внимание на пошироката јавност за  односот на поединци кон животната средина и донекаде да се ублажат последиците од загадувањето на природата, Ј.П.„Охридски Комуналец” започна акција за чистење на магистралниот пат до Свети Наум. Акцијата ќе се реализира етапно и според наши искуствени проценки ќе трае околу две седмици.

Ќе се подигнува тешко разградливиот отпад (отпадоци од пластика, лименки, картонска амбалажа и др.) од овој патен правец чие одржување не е во наша надлежност, но во интерес на граѓаните, пристапивме кон расчистување на оваа фреквентна делница.

J.П.„Охридски Комуналец” со комплетна поддршка на „Охридскиот фестивал на виното”

J.П.„Охридски Комуналец” со комплетна поддршка на „Охридскиот фестивал на виното” кој во изминатите денови се одржуваше на ул.„Кеј Македонијa” пред хотел „Палас”.

За се’ да биде беспрекорно организирано и граѓаните и многубројните туристи да можат да уживаат во оваа културна манифестација, се погрижија и нашите дежурни екипи задолжени за одржување на јавната чистота. За време на фестивалските вечери се интервенираше во повеќе наврати за празнење на садовите за отпад под шаторите, потегот од градскиот кеј околу шаторите и пешачката патека пред хотел „Палас”.  По завршувањето на програмскиот дел, секоја вечер веднаш се пристапуваше кон метење на целиот простор и темелно расчистување, а потоа се ангажираше и цистерна за миење на просторот. По завршувањето на фестивалот целиот простор е генерално расчистен.

И во празник работно

Ј.П.„Охридски Kомуналец” на граѓаните им го честита Денот на независноста на Република Македонија 

🏳 И во овој празничен ден нашите дежурни eкипи се ангажирани на повеќе локации за градот да блесне во својот полн сјај 🏳

📌Украсување на градот со знамиња по повод 8.ми сепетември-Денот на независноста на Република Македонија

📌Генерално расчистен делот во градскиот парк каде се наоѓаат спомен-обележјата на револуционерите

📌По санирањето на дефектот со водоводната мрежа на ул.„Питу Гули”, темелно се расчисти оваа улица од наталожените наноси од земја, песок и др.

📌 Генерално чистење  на патниот правец  до с.Велестово (метење, отстранување на наноси од земја, песок и др. и подигнување на расфрлани отпадоци покрај патот и видиковецот кај с.Велестово)

📌Отстранување на  реса, алга, трска и друг вид отпад од езерските води покрај кејот.

И Комуналец вклучен во санирање на состојбата после дефектот со водоснабдувањето

И Ј.П.„Охридски Kомуналец” се вклучи во санирање и нормализирање на состојбата после големиот дефект кој се случи со водоводната цевка кај Билјанини Извори.

Ангажирани се цистерни за миење на улици кои во повеќе наврати ги расчистуваат најпогодените улици и локации, на некои места рачно се мијат јавните површини, се отстрануваат наносите од земја, песок и друг наталожен материјал покрај коловозите и тротоарите, се метат површините рачно и машински. На локациите каде се наталожени поголеми количини наноси е ангажирана и специјална механизација за расчистување.

По поројните дождови екипите веднаш на терен

По нестабилното време кое го зафати охридскиот регион во попладневните часови, проследено со поројни дождови и силен ветер, дежурните екипи на Ј.П.„Охридски Комуналец” веднаш излегоа на терен.

Се интервенираше на критичните места каде  од обилните врнежи се наталожија наноси од песок, земја и др., а посебен акцент се стави на охридската чаршија, градското шеталиште, како и во стариот дел од градот.

Екипите на терен во градот и приградските населби

Голем број активности на оперативните служби задолжени за јавното зеленило и јавната чистота☘

Екипите на „Паркови и зеленило„ го расчистуваат патниот правец  од с.Лескоец до с.Скребатно. Се отстрануваат гранките од дрвјата и жбунестата вегетација која го попречува нормалното движење на пешаците и возилата, а тревата се коси.

Во с.Пештани активности за тековно хортикултурно одржување на училишниот двор од О.У.„Наум Охридски” и детското игралиште.

Во централното градско подрачје (градски парк, парк Мазија и „Булевар Туристичка” ) активности за тековно одржување на јавното зеленило и хортикултурните содржини.

Продолжуваат секојдневните активности за подигање на наталожениот отпад  (реса, муљ, тешко разградлив отпад и др.) од езерските води по градскиот кеј.

Миење на улиците во У.З.Стар Град

Утрово, уште од раните утрински часови, се спроведе миење на улиците во У.З.Стар Град. Заради специфичноста на теренот, тешката пристапност и тесните улици, се ангажира мала цистерна.

 

Изминатиов викенд полни раце работа за дежурните екипи

Дежурните екипи на Ј.П.„Охридски Комуналец” задолжени за одржување на јавната хигиена, изминатиов викенд со полни раце работа. За жал, еко-совеста кај граѓаните на најниско ниво! 

Несоодветно депониран и расфрлан секаков вид кабаст и зелен отпад насекаде во градот. Сликите недолични за еден туристички центар. Екипите се сеуште на терен за да се надмине ситуацијата која ја затекнавме.

Се подигаше кабаст  и зелен отпад и градежен шут по улици Даме Груев, Јане Сандански, Питу Гули, 7-ми Ноември,  Егејска, Пере Тошев, Сирма Војвода, населба Даљан, Булевар Туристичка, Јордан Мијалков, АСНОМ, Галичица, Никола Карев, Марко Несторoски и други локации.

Секојдневно се интервенира и на градскиот кеј (потег  градско пристаниште до Холандски парк) каде се подига разновиден тешко разградлив отпад, реса и муљ.

Теренски активности за одржување на јавното зеленило

Екипите на „Паркови и зеленило” максимално ангажирани со тековни и вонредни активности за одржување на јавното зеленило.

По налог на локалната самоуправа се отстрануваат суви гранки и дрвја кои претставуваат потенцијална опасност по минувачите. Заради тешка пристапност, ангажирана е специјална механизација.

Согласно Програмата за работа за 2022 год. се  одржува јавното зеленило во центрaлното градско подрачје, периферните делови од градот и  руралните средини. Се коси тревната површина, тековно се одржуваат декоративните грмушки и хортикултурни површини, се отстранува нискостеблеста и деградирана вегетација.

                                  уредување на јавното зеленило во с.Трпејца

уредување на јавно зеленило ул.Сирма Војвода, Марко Цепенков и Стив Наумов