Синоќа урбано дивеење низ Охрид

На кого му пречи епитетот „Најчист град во Македонија„ што Охрид со гордост го носи? Синоќешното дивеење низ улиците во Охрид и уништување на урбаната опрема ги надмина сите граници на цивилизирано однесување и сите прагови на толеранција.

Не поминаа неколку месеци откако се поставени новите садови за ситен отпад со модерен дизајн, синоќа речиси сите се откорнати и оштетени по градскиот кеј и по ул.„Македонски Просветители„. Исто така контејнерите по ул.„Кеј Македонија„ , „АСНОМ„ , „Булевар Туристичка„ , „Егејска„,  „7-ми Ноември„ и „Македонски Просветители„   се превртени а ѓубрето останало расфрлано по коловозот, тревните површини и пешачките патеки.

 

Сликите сами зборуваат за состојбата која ја затекнаа нашите служби рано утринава и кои наликуваат на некој „хорор филм„.

 

 

Корпите се повлечени доколку може да се санираат, а контејнерите  вратени во првобитна положба и отпадот е расчистен

Share