Се чисти речното корито на р.Сушица

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„   започнаа акција за расчистување на речното корито на р.Сушица. Денес се расчистуваше потегот по нејзиното течение во У.З.Радојца Новичиќ. Корито се расчистува машински со ангажирање на специјална комбинирана машина од натрупан отпад и жбунеста вегетација. Апелираме до граѓаните и месното население совесно да се однесуваат кон непосредната околина и да не фрлаат комунален отпад, шут и градежен отпад во и околу речното корито.

Активностите се спроведуваат согласно Програма за чистење на речни корита и канали на територијата на општина Охрид за 2018 год. по налог на локалната самоуправа. Со овие мерки ќе се регулира дотокот на вода во речното корито и ќе се превенира против можното излевање и спречување  од поплави.

Share