Од активностите на Комуналец

Согласно вонредните активности зацртани во Програмата за работа за оперативната 2018 год. екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведоа акција за машинско расчистување на крајбрежниот појас во близина на Холандскиот Парк. Од водите на езерото подигнати се околу 30 м3 наноси  од реса, муљ и друг вид отпад.

Хортикултурно е уреден појасот околу пешачките патеки по ул.„Абас Емин„ и ул.„Кленоец„ каде заради обрасната дива жбунеста вегетација беше отежнато движење на пешаците и возилата.

И оваа година традиционално по повод почетокот на новата школска година се  изврши темелно расчистување околу училишните дворови и пристапните патеки до образовните установи.

 

Share