Акција за зелен отпад 12.04.2014 (сабота) реон Македонски Просветители, Партизанска, Димитар Влахов, Кеј Маршал Тито и населба Охридати

              Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 12.04.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  од реонот опфатен со границите на улиците : Македонски Просветители, Партизанска, Димитар Влахов, Кеј Маршал Тито и населба Охридати.

          Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Share