|
 |
|
|
 |
Kако сте задоволни
со работата на
Ј.П. ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ?
Кажете го вашето мислење,
пофалба или критика |
|
|
|
|
| ОДГОВОР НА ОБВИНУВАЊАТА ОД Г-ДИН АТАНАСКО МИХАИЛОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОК ВМРО-ДПМНЕ ОХРИД |
Во врска неоснованите обвинувања кои на вчерашната прес-конфернција ги изнесовте против Директорот на Ј.П."Охридски Комуналец", Сашо Алче, сакам да Ве запрашам: Која е причината заради која сме приморани да ги зголемиме цените на нашите услуги? Ако не знаете, еве Ви го одговорот:" Цената на услугата за подигнување, транспорт и депонирање на комунален отпад по м2 на територијата на Општина Охрид веќе неколку години е непроменета, а за тоа време во многу наврати е покачена цената на нафтата и електричната енергија.
прочитај повеќе |
|
|
|
| ОГЛАС БПП 01/2012 |
Оглас за барање за прибирање на понуди бр.01/2012 Услуги од хидраулика
Ве молиме отворете на веб-сајтот за јавни набавки наведен во продолжение:
BPP 01/2012
прочитај повеќе |
|
|
|
| ОГЛАС ДОДЕЛУВАЊЕ ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА 01/2012 |
Оглас за доделување на договор за јавна набавка бр.01/2012 Услуги од градежни машини
Ве молиме отворете на веб-сајтот за јавни набавки наведен во продолжение: ODJN 01/2012
прочитај повеќе |
|
|
|
| ВАНДАЛИЗАМ ГО ГРАДСКИОТ ПАРК |

Ноќеска во градскиот парк на локациите пред рибниот ресторан и на потегот од пристаништето до х.Палас извршен е вандализам, пришто 80 % од новогодишното осветлување е уништено. Украдени се два рефлектори кои го осветлуваат паркот во текот на целата година, 20 реквизити од новогодишниот расветлувачки материјал, а од остатокот оштетени се околу 80 % од новогодишните реквизити со кинење на кабли, светлечки мрежи и растргнати сијалички.
прочитај повеќе |
|
|
|
| СЕ РАСЧИСТУВААТ ОСТАТОЦИТЕ ОД МРАЗ И СНЕГ |
 Поради ниските темпертури , остатоците од последните снежни врнежи сеуште можат да се затекнат по делови од улиците и тротоарите. Затоа вработените од Јавна хигиена пристапија кон рачно расчистување и отстранување на овие остатоци, кои претставуваат опасност во движењето на пешците и автомобилите. Денеска се расчистуваше делот околу градското пристаниште, градскиот плоштад и раскрсниците кај пазарот и гимназијата.
прочитај повеќе |
|
|
|
| СО НОВИОТ СНЕГ МОБИЛИЗИРАНИ ЕКИПИТЕ НА КОМУНАЛЕЦ |

Со паѓањето на новиот снег веднаш на терен излегоа мобилните екипи од Ј.П."Охридски Комуналец" кои се' уште интервенираат и во текот на ноќниве саати. Уште од 1.00 часот попладне се расчистува снегот по коловозите и тротоарите во централните и периферните делови од градот. Прво се интервенираше по најфреквентните улици, како и улиците по кои заради специфичноста на теренот потешко се одвива сообраќајот (населбата "Бараки" и "Стар град"), а потоа се покриваше се' поголемо подрачје од Охрид.
прочитај повеќе |
|
|
|
| КОМУНАЛЕЦ ОД РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ НА ТЕРЕН |
Новогодишната ноќ за многумина е ноќ што значи славење , радост и веселба. Но вработените од "Комунална хигиена" уште од раните утрински часови (4.00 часот) беа на терен, ангажирани за расчистување на градскиот плоштад каде ноќеска се прославуваше почетокот на Новата 2012 год. Дежурните екипи се во мобилна состојба во текот на новогодишните и божиќните празници, се' со цел нашиот град достојно да се представи пред големиот број посетители.
прочитај повеќе |
|
|
|
| НОВОГОДИШНА И БОЖИЌНА ЧЕСТИТКА |
 Ј.П."Охридски Комуналец" на сите граѓани на Општина Охрид, сите свои корисници и деловни партнери им ги честита новогодишните и божиќните празници со желби за среќна, успешна и бериќетна 2012 год. Заедно со Вас граѓаните ќе се потрудиме во претстојната 2012 год. Охрид да го направиме град на цвеќето, како и најчистиот град во Република Македонија.
прочитај повеќе |
|
|
|
| ДОДЕЛЕНИ НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА |

Градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески во соработка со Ј.П."Охридски Комуналец" денеска врачија новогодишни пакетчиња на децата со посебни потреби во О.У."Св.Климент Охридски", О.У."Братство Единство" и во црквата Св.Ѓорѓија. На овој скромен и хуман начин сакаме да им посветиме посебно внимание на оваа категорија наши млади сограѓани и тие да ја почуствуваат радоста и среќата што ја носи со себе новата година.
прочитај повеќе |
|
|
|
| КАЛЕНДАРИ ЗА ГРАЃАНИТЕ И ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ |

Ј.П."Охридски Комуналец" во Новата 2012 год. ќе стартува со нови календари кои нашите коминтенти ќе ги добијат со плаќање на сметка во нашиот наплатен центар, лоциран во зградата на градскиот пазар. За разлика од други години, за календарската 2012 изготвивме функционален и едукативен календар со цел на транспаретен начин нашите коминтенти да бидат запознаени со динамиката на нашите активности и акции .
прочитај повеќе |
|
|
|
| "КОМУНАЛЕЦ" СПРЕМЕН ЗА ПРВИОТ СНЕГ |

Следејќи ги најавите за снежни врнежи, а согласно задолженијата кои ги има Ј.П."Охридски Комуналец" за зимско одржување на територијата на Општина Охрид, веднаш се излезе на терен со претходно екипирани дежурни служби и подготвена механизација уште од вечерните часови. Цела ноќ се расчистуваа коловозите од сите улици во Општина Охрид и околината при што се посипани абразивни средства и сол и тоа: сите главни сообраќајници во градот, улиците во Стар град, улиците во населба Бејбунар, коловозите кои водат до селата Велестово, Рамне, Велгошти, Долно и Горно Лакочереј и др.
прочитај повеќе |
|
|
|
| ЗАВРШИ НОВОГОДИШНОТО УКРАСУВАЊЕ |

Ј.П."Охридски Комуналец" заедно со локалната самоуправа го завршија новогодишното украсување на градот. Се потрудивме со голем број светлечки реквизити, усогласени бои и акцентирање на осветлувањето на украсните садници во паркот, Охрид да изгледа како бајка. Вечерната разгледница од градскиот плоштад, градскиот парк и кејот се надеваме ќе остави впечаток на секој кој сака да го посети Охрид за Новогодишните и Божиќните празници.
прочитај повеќе |
|
|
|
| НЕ СЕ ПОЧИТУВА ДИНАМИКАТА ЗА ПОДИГАЊЕ ОТПАД |

Голем дел од граѓаните и правните субјекти не ја почитуваат динамиката на подигање на отпад и несовесно го депонираат отпадот по јавните површини. Имено, во повеќе наврати кафетеријата "Хевн" го депонира отпадот во најлон кеси, картонски кутии и др., на самиот тротоар кој води од ул."Јане Сандански" до кејот, при што тротоарот е непрооден, а истото предизвикува револт кај соседите и останатите граѓани.
прочитај повеќе |
|
|
|
| ПРИСТИГНАА НОВИТЕ КОНТЕЈНЕРИ ЗА ПЛАСТИКА |

Во рамките на Проектот "Селектирање на отпад и набавка на садови за општините од југозападниот плански регион" денеска за Општина Охрид пристигнаа 21 контејнери чија намена е депонирање на отпад од пластика (пластична амбалажа). Во рамките на донацијата во текот на наредната недела ќе пристигнат и 25 контејнери за депонирање на отпад од хартија и 28 канти за отпад .
прочитај повеќе |
|
|
|
| ОГЛАС ДОДЕЛУВАЊЕ ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА 14/2011 |
Оглас за доделување на договор за јавна набавка бр.14/2011
Набавка на половно користено специјално возило за собирање на отпад со надградба Ве молиме отворете на веб-сајтот за јавни набавки наведен во продолжение: ODJN 14/2011
прочитај повеќе |
|
|
|
|
|