Category Archives: АКТУЕЛНО
Оглас за издавање под закуп на деловни простори
Одлука за избор на кандидати по Јавен оглас 2/2025 за пополнување на работни места на даватели на јавни услуги по пат на вработување
Одлука за избор на кандидат по Интерен оглас бр. 1/2025 за пополнување на работно место со унапредување на даватели на јавни услуги
Интерен оглас бр.1/2025 за пополнување на работно место со унапредување на даватели на јавни услуги
Интерен оглас бр. 1/2025 за пополнување на работно место со унапредување на даватели на јавни услуги
Ј.П.,,Охридски Комуналец” објавува Интерен оглас бр. 1/2025 за пополнување на работно место со унапредување на даватели на јавни услуги во Ј.П.,,Охридски Комуналец” -Охрид.
Во прилог линк до содржината на Интерниот оглас бр.1/2025 и Пријава за унапредување :
Интерен оглас број 1/2025 за пополнување на работно место со унапредување на даватели на јавни услуги:
Пријава за унапредување:
Оглас за издавање под закуп на деловен простор
Јавен оглас 2/2025 за вработување на неопределено време
Подигнување на селектиран отпад од кантите за селекција на ден 21.11.2025 год.(петок)
ℹ️Согласно Календарот за 2025 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, Ј.П.,,Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците ,,Железничка” , ,,Прилепска” , ,,Винковачка” , ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март” дека на ден 21.11.2025 год. (петок) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекцијаℹ️
‼️Се молат граѓаните од наведените улици да го почитуваат Календарот за подигнување селектиран отпад зошто од секој поединец зависи нашата одржлива иднина
♻️♻️♻️„Чисто е убаво – Селектирај“♻️♻️♻️


Охрид селектира: „Чисто е убаво!“ – заедничка акција за почист и поодржлив град
Охрид селектира: „Чисто е убаво!“ – заедничка акција за почист и поодржлив град
Охрид прави важен чекор кон поодржлива иднина. Под мотото „Чисто е убаво – Селектирај“, Општина Охрид и Ј.П.„Охридски Комуналец“ со поддршка од Шведска преку SALAR International и проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“ ја започнуваат новата иницијатива за селекција на отпад во туристичкиот и угостителскиот сектор.
„Чисто е убаво!“ претставува нова платформа за соработка меѓу институциите, хотелите, угостителските објекти, маркетите, туристите, граѓаните и граѓанските организации, со една заедничка цел: почист и поубав Охрид.
Иницијативата започнува со група девет пилот-партнери, меѓу кои се хотелите „Турист“, „Белви“, „Метропол“, „Конгресен центар“, „Белведере“,„Пела“, „Тино – Св. Стефан“, „Гранит“, “Гарден”, маркетот „Рамстор“, како и основните и средни училишта како дел од програмата “Училишта без пластика”. Во следните месеци, Општината и Ј.П.„Охридски Комуналец“ ќе ја прошират мрежата на партнери со цел до почетокот на туристичката сезона 2026 година значаен дел од градот да биде целосно подготвен со воспоставени системи за правилно управување со отпад.
Хотелите и компаниите кои се веќе дел од платформата поставуваат канти за селекција, обучуваат персонал и се подготвуваат за активности за информирање на гостите за придобивките од селекцијата. Во рамки на иницијативата во соработка со маркетот „Рамстор” се планира и специјална локација за одлагање селектиран отпад кое ќе го намали количеството отпад во центарот на градот.
„Оваа иницијатива покажува дека туризмот и одржливоста можат да одат рака под рака. Со заеднички напори можеме да создадеме град кој не само што привлекува туристи, туку и се грижи за своето природно и културно наследство“ посочуваат од Општина Охрид и Ј.П.„Охридски Комуналец“.
Целта на иницијативата е едноставна – преку правилна селекција да се зголеми ефикасноста во собирањето на отпадот, да се намали количината на мешан отпад и да се овозможи што е можно повеќе рециклирање. На тој начин,од една страна градот станува почист и попривлечен за жителите и посетителите, а од друга намалуваат оперативните трошоци за управување со отпад. Во овој контекст од SALAR International истакнуваат дека Охрид служи како пример за тоа како локалните заедници можат да создадат вистинска промена преку заедничка акција.
Во подготвителниот период, Општина Охрид и Ј.П.„Охридски Комуналец“ ќе спроведуваат информативна и едукативна кампања на социјалните медиуми, а во соработка со повеќе основни училишта од градот – учесници во едукативната програма на проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“, ќе спроведат и серија јавни и едукативни активности насочени кон граѓаните. Преку игра и практични интерактивни примери, овие настани се очекува да поттикнат поголема свесност и активно учество на Охриѓани во процесот на селекција и одговорно управување со отпад. Настаните ќе се одржуваат на јавни локации каде децата, наставниците и волонтерите ќе демонстрираат едноставни, секојдневни чекори за почист град, покажувајќи дека промената започнува токму од заедницата.
Организаторите ги повикуваат и останатите хотели, компании, граѓани и организации да се приклучат кон иницијативата и да помогнат во создавање на поубав и почист Охрид – заедно да покажеме дека чист град е убав град.

Акција зелен отпад У.З.14 Радојца Новичиќ 17.10.2025 год. (петок)
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид направи измена во Календарот на акции за подигнување на кабаст и зелен отпад за 2025 год. Имено заради реалната ситуација на терен и наметнатите потреби, Акцијата за подигнување зелен отпад од У.З.14 Радојца Новичиќ која согласно Календарот беше предвидена за 31.10.2025 год., ќе се реализира на 17.10.2025 год. (петок) . Со акцијата се започна од денеска и ќе се реализира заклучно со 17.10.2025 год. (петок).
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 17.10.2025 год.(петок) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.14 Радојца Новичиќ.
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 17.10.2025 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.
Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Оглас за издавање под закуп на деловни простори
Акција кабаст отпад У.З.11 Видобишта 20.06.2025 год.(петок)
Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 20.06.2025 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) У.З.11 Видобишта.
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 20.06.2025 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.
Отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Вонредна акција кабаст отпад с.Пештани 18.06.2025 год.(среда)
Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 18.06.2025 год.(среда) ќе организира вонредна акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од с.Пештани.
Се молат граѓаните од с.Пештани доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 18.06.2025 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.
Отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.



























