ПРАШАЊА / ОДГОВОРИ 2020

Барање 1-2020)  Колкав износ јавното претпријатие има платено за медиумски услуги-рекламирање во периодот 01.01.2018-26.01.2020 година, на кои портали се рекламира и да се достават Договори и фактури по кои е извршено плаќањето 

Одговор 1-2020

 

Барање 2-2020) Врз основа на каква одлука или овластување се вршат активности на дел од т.н. Холандски парк? Дали постои предлог-проект или друг план односно документ за уредување на просторот? 2.Зошто од брегот после отстранување на вегетацијата и неколкуте дрвја просторот е порамнет со земја и се поставени исечените стебла, како во линија? 3. Која е намерата на јавното претпријатие односно локалната самоуправа со овој простор? Дали зелениот појас ќе остане или на брегот ќе се прави нова патека? Со цел да нема шпекулации во јавноста, со оглед дека периодов до нас реагираа многумина, стравувајќи дека ќе се сече следно трската или ќе се прават други поголеми интервенции на тој дел, бараме прецизни и конкретни одговори, поткрепени со докази. Јавноста има право да знае а институциите мора да се вистински транспарентни

Одговор 2-2020

 

Барање 3-2020) Иако го селектирам и соодветно депонирам отпадот повеќе години, неодамна ми беше споделена информација дека и покрај тоа што има контејнери за различен вид отпад или амбалажа, на крај завршувале на едно место. Затоа се обраќам до јавното комунално претпријатие, со надеж дека овие шпекулации се неточни и дека конкретно ќе ми бидат споделени факти. Бидејќи е Пакомак партнер во процесот , вклучени се во кореспонденцијата.  1. Каде завршува стаклената амбалажа од зелените контејнери кои се наоѓаат на повеќе локации низ Охрид? Кој ги презема, како се транспортираат и дали на крај се рециклираат? Доколку има видео или фото документација на процесот, како визуелен прилог или доказ, Ве молам да доставите. 2. Каде завршува пластичната ПЕТ амбалажа и лименките од жолтите контејнери? Дали дополнително се одделуваат и соодветно рециклираат? Исто така и за оваа амбалажа , доколку има видео или фото документација на процесот, како визуелен прилог или доказ, Ве молам да доставите. 3. Каде завршува хартиената амбалажа од сините кафези? Дали се транспортира до некоја фабрика за хартија како репроматеријал или се рециклира на друго место? Колкав процент од хартиената амбалажа која се фрла во сините кафези може понатаму да се рециклира  односно употребува? 4. Каде завршува старата бела техника и други апарати кои се депонираат во јавното претпријатие? Дали сеуште постои собирање на ваков отпад од домаќинства или можност да се донесе, наместо да се исфрли негде во природа или на несоодветно место? 5. Дали јавното претпријатие планира формирање компостара каде би се депонирал органскиот отпад од општинските граници -од поединци, земјоделци, угостителски објекти и др.? 6. Дали во локалните маркети ќе се постават апарати за рециклирање ПЕТ амбалажа кои беа најавени, со што на некој начин би се поттикнало населението да рециклира и притоа да има одреден минимален бенефит? 7. Дали јавното претпријатие размислило да покрене иницијатива или предлог до основачите на Пакомак, (Пивара Скопје, Прилепска Пиварница, Витаминка, Пелистерка, Магрони , Кодинг, Кожувчанка, Вивакс, Благој Ѓорев, Тиквеш, Стоби) заедно со општина Охрид, Владата на Република Македонија, Министерството за финансии и Министерството за животна средина и просторно планирање, овие компании да добијат даночно олеснување а тие средства да се вложат во дополнителна опрема за селектирање и рециклирање во сите паркови, јавни места, плажи, институции, образовни установи низ Охрид, имајќи предвид дека секоја година се собираат огромни количини отпад расфрлан насекаде? Дополнително, јавното претпријатие, како носител на некој иден проект, кој би се финансирал од тие средства да организира и други стимулативни настани каде нашите сограѓани, особено учениците да се поттикнат да рециклираат и да створат позитивни навики кои ќе бидат поволни кон животната средина. 

Одговор 3-2020