Ново хортикултурно катче на Сараиште, вонредни активности на кејот

Екипите на „Паркови и зеленило„ ја реконструираа  јавната површина пред споменикот на Коста Абраш на Сараиште. Формирано е ново хортикултурно катче со декоративни садници и декоративен камен.

Утрово се спроведоа вонредни активности за расчистување на градскиот кеј каде силниот ветар кој дуваше во изминатото деноноќие натрупа големи количини муљ и тешко разградлив отпад кај пристаништето пред хотел Палас.

Share