Се расчистуваше во с.Љубаништа

Денес дел од екипите при Ј.П. “Охридски Комуналец” спроведоа акција за расчистување на потегот од автокампот “Љубаништа”, се до викендиците. Ова место во текот на сезоната го користат диви кампери и позади себе оставаат големи количини на отпад. Од страна на претпријатието беше темелно исчистен целиот потег и отпадот беше уредно подигнат. Апел до надлежните служби да преземат мерки, да не би се користел просторот за таква намена. Истата слика се повтори и на плажата “Лабино”, како и во околната шума која секојднево е запоседната со 15-тина до 20 шатори.

Share