Цветни балкони – Цветен Охрид

Денес во рамки на проектот “Цветни балкони – Цветен Охрид” кој е во реализација на Општина Охрид во расадникот на Ј.П. “Охридски Комуналец” се започна со делење на жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на улиците: “Железничка”, “Прилепска”, “Винковачка”, “Прилепска”, “Будва” и ул. “Кленоец”. Граѓаните кои се заинтересирани за оваа акција, и кои живеат на овие улици, можат да подигнат жардиниери со цвеќе денес и утре (6 и 7 јуни), а при себе треба да имаат лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.

Share