Се одржуваше јавната хигиена во У.З.14„Радојца Новичиќ„ , подготовки за одржување во зимски услови

Во изминатава седмица екипите на „Јавна хигиена„ беа ангажирани со одржување на јавната чистота во У.З.14 „Радојца Новичиќ„. Беа опфатени улиците „Радојца Новичиќ„, „Кленоец„ и сите пристапни улици, патеки и тротоари. Темелно се расчистени јавните површини од наноси од земја, песок и отстранета е ниската вегетација. Овие активности  се одвиваат по динамика која е дефинирана во Програмата за работа за 2015 год.

radojca

Согласно задолженијата кои ги има Ј.П.„Охридски комуналец„ по „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид 2015/2016 год.„  екипирани се сите дежурни служби, механизација, набавени се абразивни средства и дефинирани се улиците по кои ќе се делува според приоритет. Заради специфичноста на теренот во стариот дел од градот на одредени пунктови се депонирани абразивни средства.

varos

Share