Се расчистува речното корито на Сушица

Со акцијата за расчистување на реките во охридскиот крај се опфати и река Сушица. Екипите на „Паркови и зеленило„ го расчистуваа речното корито на Сушица по нејзиното течение по ул.„15-ти Корпус„, „Кленоец„ и „Прилепска„ . Како би се обезбедил непречен проток на речните води во есенскиов период, се отстранува жбунестата вегетација и натрупаниот градежен шут од речното корито, а околниот простор се коси.

  susica

Share