Уредување на дрворедите

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид Ве известува дека во деновите од понеделник до петок ќе врши уредувањето на дрворедите со поткастрување на крошните од липите на улицата “Македонски Просветители”. Поради ова потребно е отстранување на паркираните возила за непречено извршување на нашите активности. Уредувањето на дрворедите ќе се врши во деновите:

1. Понеделник 17.11.2014 год. – пресекот на “Кеј Македонија”со улицата “Партизанска”;
2. Вторник 18.11.2014 год. – потегот од ул.”Партизанска” до улицата “Димитар Влахов”;
3. Среда 19.11.2014 год. – од улицата “Димитар Влахов”до “Даме Груев”;
4. Четврток 20.11.2014 год. – потегот од “Даме Груев” до пресекот со улица “Туристичка”;
5. Петок 21.11.2014 год. – потегот од “Даме Груев” до пресекот со улица “Туристичка”;

Во зависност од временските услови овој распоред може да претрпи промени , за што ќе бидете благовремено известени.

Share