Акција за подигнување кабаст и зелен отпад од реон ,,Абас Емин”, ,,Железничка” и дел од ,,Булевар Туристичка”

Ј.П.,,Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 02.10.2026 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од реон опфатен со улиците ,,Абас Емин”, ,,Железничка” и дел од ,,Булевар Туристичка” .

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот  на 02.10.2026 година  и претходно локацијата да ја пријават на дежурните телефони 075-495-428 и 075-397-944.

Share