Календар за 2026 година на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид (есенски циклус)

Од 04.09.2026 год. започнуваме со реализирање на Календарот за 2026 година на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид
(есенски циклус)

Со календарот е опфатена секоја урбана заедница во градот со цел надминување на проблемите кои граѓаните на општина Охрид ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад

Апелираме до граѓаните да се придржуваат до календарот, а за сите потребни информации можат да се јават на дежурните телефони 075-495-428 и 075-397-944