Акција за подигнување кабаст и зелен отпад У.З.1 Стар Град -понеделник (05.05.2025 год)

Од 05.05.2025 год.(понеделник), започнуваме со реализирање на Календарот за 2025 година на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид.

Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.05.2025 год.(понеделник) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од  У.З.1 Стар Град.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот  на 05.05.2025 година  и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.

Отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Share