Акција кабаст и зелен отпад У.З.12 „Гоце Делчев” (населба Бараки)-23.05.2025 год.(петок)

Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 23.05.2025 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.)  и зелен отпад (зелен отпад од уредување на дворни површини и градини) од У.З.12 „Гоце Делчев” (населба Бараки).

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот  на 23.05.2025 година  и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.

Отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Share