Monthly Archives: мај 2019

Пуштено во употреба електрично возило за собирање отпад

Ј.П.„Охридски Комуналец„ го пушти во употреба специјалното возило со електричен погон за собирање на ситен отпад и празнење на корпите кои се поставени за оваа намена по чаршијата и пешачките зони во централното градско подрачје.

Пред почетокот на туристичката сезона корпите ќе се празнат во една смена во текот на денот, а во екот на туристичката сезона во две смени. Дефинирана е динамика според која корпите ќе се празнат со електромобилот во доцните ноќни часови кога и фреквенцијата на движење се намалува. Ќе се опфатат чаршијата, кејот, патеката до Горица, патеката покрај каналот Студенчишта и улиците во стариот дел од градот.

Електромобилот е набавен од сопствени средства,  лесен е за ракување, не создава бучава и не го загадува воздухот, што е многу значајно затоа што ќе се користи во најфреквентните делови на градот.

Оглас за јавна набавка 01001/2019

Oглас  за јавна набавка  бр. 01001/2019

Услуги со телескопска дигалка (мин.9м  височина)

Ве молиме отворете на веб-сајтот за јавни набавки наведен во продолжение:

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/786471bd-cdce-41cc-b97e-c29475161707/13

Оглас за јавна набавка 00996/2019

Oглас  за јавна набавка  бр. 00996/2019

Набавка на пластични саксии и жардињери и земјени глинени садови за расадник

Ве молиме отворете на веб-сајтот за јавни набавки наведен во продолжение:

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/b7e3b2b2-6f88-4715-9c24-e1303d367c93/14

Се уредуваат зелените и јавните површини

Денеска нашите дежурни екипи беа максимално  ангажирани во подигнување на степенот на јавна чистота и јавно зеленило во с.Подмоље, нас. Свети Стефан и локалитет Горица, с.Пештани, ул.„Даме Груев„ заедно со комплекс згради во населбата и ул.„АСНОМ„.

Се косеа тревните површини и се отстрануваше дивата вегетација од тротоарите и покрај пешачките површини по ул.„Даме Груев„ заедно со комплекс згради во оваа населба

Повторно се подигна расфрланиот ситен комунален отпад во туристичките населби Горица и Свети Стефан

Детално се чистеа јавните површини во с.Пештани

Се косеше тревата и се расчистуваа пешачките патеки во с.Подмоље.

 

 

 

 

Оглас за јавна набавка 00767/2019

Oглас  за јавна набавка  бр. 00767/2019

Набавка на тонери, рибони и кертриџи

Ве молиме отворете на веб-сајтот за јавни набавки наведен во продолжение:

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/f876b859-fd32-475e-a88e-774fc1717d91/13

Оглас за јавна набавка 00758/2019

Oглас  за јавна набавка  бр. 00758/2019

Услуги за осигурување на возила и осигурување на имот

Ве молиме отворете на веб-сајтот за јавни набавки наведен во продолжение:

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/eee64a9b-6756-4d99-a6cc-a017353fd340/13

Оглас за јавна набавка 00749/2019

Oглас  за јавна набавка  бр. 00749/2019

Набавка на гасови за заварување

Ве молиме отворете на веб-сајтот за јавни набавки наведен во продолжение:

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/10d99686-a189-41dc-937b-8b2a5dbd40b8/13

До кога еко-некултурата ќе биде наше секојдневие

Нашите служби  секојдневно се соочуваат со проблеми и несоодветно депонирање на комунален отпад, градежен шут, зелен и кабаст отпад. За жал секое утро овие фотографии се реалност која тешко се искоренува од навиките на граѓаните.

Градежен шут оставен покрај контејнерите на ул.„Питу Гули„, расфрлани вреќи  и картонски кутии на ул.„Сирма Војвода„, јоги, кревети и картонски кутии од набавена електронска опрема на ул.„Јане Сандански„, градежен шут на „Славеј Планина„ , оставени вреќи отпад покрај празни контејнери, оштетувања и палење на контејнери и уште многу други примери ги регистрира нашата камера во изминатите два дена.

Не се почитува ниту динамиката и комуналниот ред за деновите кога се подига комуналниот отпад. Нашите служби превземаат вонредни активности за подигање на расфрланиот отпад и покрај фактот што тоа не е наша примарна обврска, за враќање на локациите во  првобитна состојба, но набрзо повторно никнуваат нови  мини-депонии.

Доколку граѓаните својот стар мебел го оставаат насекаде, градежниот отпад го фрлаат на јавните површини и свесно ги опожаруваат контејнерите, градот Охрид нема да го оправда епитетот „туристички бисер„ . Наша цел е хигиената и чистотата во градот да се издигнат на највисокото можно ниво па затоа апелираме  граѓаните правилно да го депонираат својот отпад, да не создаваат диви депонии што ја загадуваат животната околина, да не ги уништуваат садовите наменети за фрлање отпад и на тој начин да ги заштитат и зачуваат чистотата и убавината во своите урбани средини.

Хортикултурни зафати низ Охрид и приградските населби

Екипите на „Јавно зеленило„ деновиве интензивно го уредуваат јавното зеленило во централното градско подрачје и приградските населби.

 Се уредуваат крошните од дрворедите по улиците: „Партизанска„, „АСНОМ„ , „Јане Сандански„ и „Питу Гули„ со цел подобра видливост и движење на возилата и пешаците.

Покрај тоа се реализираа акции за косење на тревата, подигање на зелен отпад и отстранување на ниската вегетација од пешачките патеки и тротоарите во „8.ма Урбана заедница„(населба Билјанини Извори) , во с.Рача и  ул.„Крум Точков„. Согласно оперативната програма за 2019 год. тековно се одржуваат и тревните површини во градскиот парк и покрај пешачката патека кај каналот Студенчишта.

Повторен Оглас за издавање под закуп деловни простории

Ј.П.„Охридски Комуналец„ објавува повторен Оглас за издавање под закуп деловни простории кои што се наоѓаат на кат во зградата на Градски пазар Охрид .

Ве молиме отворете на линкот:

Povtoren Oglas

Се уредува зелениот појас од Хидробиолошки завод до Св.Стефан

Ј.П.„Охридски Комуналец„ го уредува тревниот појас помеѓу двете коловозни ленти на магистралниот пат Охрид-Св.Наум на потегот од Хидробиолошки завод до населба Св.Стефан.

Иако се работи за магистрален пат и одржувањето не е под наша надлежност, во интерес на граѓаните и туристите, нашите служби  рачно и машински го  косат тревниот појас на овој потег.