Monthly Archives: јули 2012
Интензивирани активности пред почетокот на „Охридско лето„

Пред почетокот на најзначајниот културен настан „Охридско лето„, нашите екипи се максимално ангажирани со средување на градот, при што посебен акцент е ставен на стариот дел од градот и местата каде ќе се одвива уметничката програма. Со овие вонредни активности Ј.П.„Охридски Комуналец„ дава свој допринос во залагањата за одржување на високо ниво на уреденост и хигиена во градот за време на одржување на манифестацијата. На улица „Илинденска„ старите садови за отпадоци се заменети со нови, се врши косење на тревата и хортикултурно одржување на зелените површини, а улиците и патеките детално се чистат и метат.
Поставени ќупови на различни локации

Ј.П.”Охридски Комуналец” продолжува со секојдневно реализирање на Проектот “Охрид град на цвеќето 2012” преку средување на постојните парковски површини и освојување на нови зелени катчиња. За таа цел поставени се околу 100 украсни садови со сезонско цвеќе (ќупови) кои ги красат тревните површини во градскиот парк, кружните токови и просторот околу спомениците.
Овие садови им овозможуваат на садниците да бидат украсни во вистинска смисла на зборот, а тревниците добиваат повпечатлива содржина, со што овие цветни аранжмани го оправдуваат епитетот “град на цвеќето”.
Оглас БПП 2-10/2012
Оглас БПП-3-03/2012

Оглас за барање за прибирање на понуди бр.3-03/2012
Набавка на услуги за поправка на клипњачи, егализирање радилици, рамнење декли, фрезовање на отвори за вентили, проверка и обработка на блок од мотор (машинска обработка за ремонт на мотори)
Ве молиме отворете на веб-сајтот за јавни набавки наведен во продолжение
Оглас БПП 3-02/2012
Оглас БПП 3-01/2012
НЕКУЛТУРА=ИДИОТИЗАМ

Заради одржување на повисок степен на хигиена во туристичката сезона, Ј.П.”Охридски Комуналец” комуналниот отпад го подига во три смени, а дополнително има воведено двосменско подигање на кабаст отпад, градежен шут и зелен отпад. Континуирано во саботите организираме акции за подигање кабаст и зелен отпад, кои се точно прецизирани по датуми и реони, вметнати во годишниот календар за 2012 год. Но се’ е безуспешно, зошто постојано се повторуваат истите грди слики со расфрлан кабаст отпад, зелен отпад и градежен шут. Не очекуваме и оваа година Комуналната инспекција да го реши овој проблем, иако во општинскиот буџет се испроектирани средства за оваа намена.
По празникот расчистен манастирскиот комплекс “Св.Наум”

По завршувањето на празнувањето на празникот посветен на чудотворецот Свети Наум, екипите на Ј.П.”Охридски Комуналец” уште од раните утрински часови пристапија кон расчистување на манастирскиот комплекс. Со оглед на тоа што голем број верници од Охрид, околните градови и туристи го посетија комплексот во изминативе два дена, беше собрано големо количество отпад (околу 15 м3), а ангажирани беа 15 вработени и специјално возило. Со цел постигнување поголем степен на јавна хигиена, оваа акција нашето претпријатие ја организира традаиционално секоја година по завршувањето на празнувањето.
Хортикултурното уредување на новиот кружен тек-ПОДАРОК ЗА ОХРИД

Со привршување на градежните работи на новиот кружен тек на пресекот на булевар Туристичка со улицата АСНОМ, Ј.П.”Охридски Комуналец” започна со активности за хортикултурно средување на истиот. Ова ново зелено катче кое ќе го краси овој фреквентен кружен тек ќе биде подарок од Ј.П.”Охридски Комуналец” за градот Охрид. Ќе биде поставен систем за наводнување, ќе се засадат украсни дрвца и сезонско цвеќе од сопствениот саден материјал. Со ова продолжуваме да го реализираме на дело проектот “Охрид-град на цвеќето 2012 год.”
Скршена гранка од дрворедот од липи на ” Македонски Просветители “

Викендов се скрши гранка од дрво од дрворедот од липи на ул.”Македонски Просветители”, пред Основниот суд-Охрид. Причина за кршење на гранката е староста на дрвото и скапаното стебло. Екипите на “Паркови и зеленило” излегоа на терен и гранката е веднаш отстранета.
Ова не е прв пат да се скрши гранка од дрворед од прометните улици во градот, па затоа е оправдана потребата од реконструкција на останатите дрвореди заради застареноста и оштетеноста на старите дрвја, како што се уреди дрворедот по „Димитар Влахов„.