ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО

Оваа Работна Единица е задолжена за одржување на површините на јавното зеленило во градот; одржување на парк-шумите, градското “Кале”, “Св.Стефан” и “Паркот на револуцијата”, вршење на земјоделски активности во расадникот; производство на цвеќе; продажба на саден материјал; извршување на услуги на надворешни лица – хортикултурно уредување на простор и други работи.
Работната единица е организирана во Одделенија “Расадник со производство” и “Паркови и зеленило”. Новиот Расадник  за  производство на  декоративни растенија е лоциран во месноста “Блато”, во населбата “Рача” на површина од околу 70.000 м2 од која во моментов за користење се оспособени околу 18.000 м2.
Приспособувањето на просторот се врши постепено и во зависност од освојувањето и прилагодувањето на просторот поради специфичните услови на самиот простор за чие користење се потребни големи количини на плодна земја.  Во расадникот се произведуваат околу 70 видови на декоративни садници  и околу 10 видови на сезонско цвеќе.  Освен одржувањето на јавните парковски површини, се врши и проектирање на хортикултурни решенија на приватни дворни места, како и нивно изведување и одржување.