МЕХАНИЗАЦИЈА

Оваа РЕ, организирана преку Одделенијата “Експлоатација” и “Одржување” врши експлоатација и одржување на моторните возила, специјалните комунални возила и градежни машини со кои се подигнува и транспортира комуналниот смет, градежни материјали, фекалии и отпадни води, подигнување на непрописно паркираните возила, чистење на снег во зимски услови и посипување со сол и абразивни средства на сообраќајниците во градот и околината, услуги и производство од браварско и столарско занаетчиски работи, опслужување на сите видови на технички услуги за потребите на другите работни единици и трети лица. Во оваа РЕ се наоѓа и централниот магацин на јавното претпријатие.