Продолжуваат активностите за расчистување на снегот

Продолжуваат активностите за расчистување на снегот. Нашите екипи интензивно работат на терен со сите расположиви ресурси: специјална механизација-камиони со специјален нож за чистење на снег, камиони и трактори со епохи за посипување на абразивни средства ,  едно помало специјално возило (боб-кат) наменето за чистење на тесните улици и пристапни патеки во стариот дел од градот, рачни мултикултиватори погодни за расчистување на тротоарите и формирање на патеки за движење на пешаците.

Бидејќи во текот на денот и ноќта се најавени нови интензивни снежни врнежи остануваме мобилизирани и во рамките на можностите ќе се расчистува  поширокото градско подрачје.

Share