Се чистеше Античкиот театар и во с. Велгошти

Се чистеше Античкиот театар после синоќешниот концерт, согласно договорот со продукциската куќа. Отпадот беше уредно собран и подигнат со возило на Ј.П. “Охридски Комуналец”.

Друг дел од екипите, покрај тековните активности и зголемениот обем на работа, беа активирани на косење, чистење и уредување во с. “Велгошти” и улиците кои водат кај црквата “св. Петка”, а во вечерните часови после завршување на турнирот ќе се изврши и миење на истите улици со специјално возило на претпријатието.

Share