Поставени нови контејнери за стакло

Ј.П. “Охридски Комуналец” во соработка со ДОО “Пакомак” – Скопје постави 15 специјализирани контејнери за одлагање на отпад од стакло, со што граѓаните ќе можат стаклото да го издвојуваат од другиот отпад и да го депонираат во тие контењери. Овие контејнери се со капацитет од 1.5 метри кубни и се исклучиво за стакло и се поставени на следните локации:

-паркинг кај центарот за обука на вода,

-хотел Гарден,

 

-кеј Македонија

-ул. Македонски просветители,

-бензинска Окта на бул. Туристичка,

-прес контејнер на ул. Богомилска,

-нас. Далјан кај маркет Шкор,

-паркинг кај Тутунска банка,

-прес контењер во нас. Христо Узунов,

-Кам маркет на бул. Туристичка,

-пред музичкото училиште,

-на пресекот Даме Гуев со Туристичка,

-паркинг кај хот. Ривиера,

-ул. Партизанска и

-бул. Туристичка кај “Сам свој мајстор”.

Share