Зголемени активности на “Ј.П. Охридски комуналец”

Во изминатите денови екипите на “Ј.П. Охридски Комуналец” беа дополнително ангажирани поради зголемените температури и припремање за туристичката сезона. Екипите на “Паркови и зеленило” работеа на косење и чистење на улиците и населбите. Беше исчистена ул. “Андреја Јованоски” од “Стобекс” према “Велгошти”, населбата “Гоце Делчев” (кај бараките) и дел од ул. “Марко Цепенков” и “Момчило Јорданоски” а на патеката кај “Кадмо” плажа беа засадени нови садници од видот “Сабина” и “Џунџуле”.FotorCreated FotorCreated1 FotorCreated2

Ангажирани беа и екипите на “Р.Е. Механизација” со чистење на коритото на реката кај населбата “Рача” на местото каде што се влева во езерото.

FotorCreated3

 

Share