Од активностите на Ј.П. Охридски Комуналец

Во изминативе неколку дена екипите на “Ј.П. Охридски Комуналец” беа ангажирани  со косење на трева и чистење на улиците и тротоарите од зараснатите трње на неколку локации.

Беше исчистен патот према плажите каде што беа исечени гранките кои висеа над тротоарите и беше искосена тревата.

FotorCreated

Се средуваше игралиштето во с. “Велгошти” пред почетокот на турнирот за мал фудбал, и се косеше во с. “Долно Лакочереј”.

FotorCreated1

Се уреди и на улиците “Ванчо Питошески” и на пресекот на ул. “Крум Точков” со ул. “Гоце Делчев”.

 

FotorCreated2 FotorCreated3

 

Share