Запален контејнер на ул.„Пере Тошев„

Многу често Ј.П.„Охридски Комуналец„ се соочува со проблемот на комплетно уништување на јавната опрема и јавни добра кои треба да им служат на сите наши сограѓани . Утрово дежурните екипи затекнаа комплетно уништен пластичен контејнер на ул.„Пере Тошев„ кој беше изгорен од запалив отпад депониран во самиот контејнер. Оваа локација се наоѓа во близина на градинката „Росица„ и тука беа поставени три (3) контејнери за депонирање на комунален отпад.

 kontejn2

Честа е појавата на депонирање недогорени остатоци од отпад во контејнерите од страна на несовесни граѓани со што доаѓа до самозапалување на отпадот. Истото претставува не само проблем за нас, туку и за случајните минувачи и останатите жители зошто може да предизвика штети од поголем размер.

Упатуваме апел до граѓаните да внимаваат што депонираат во контејнерите, а истовремено ги повикуваме инспекциските служби да ги санкционираат несовесните граѓани.

 

Share