Од активностите на „Јавна хигиена„

Екипите на „Јавна хигиена„ се вонредно  ангажирани околу расчистувањето на јавните површини во градот од лисјата  кои во овој период интензивно паѓаат.

Паднатите лисја се расчистуваат и подигаат од сите јавни пешачки и сообраќајни површини во градот, независно од категоријата на улицата. Подигнатиот лист се транспортира во расадникот на јавното претпријатие, каде понатака се искористува како суровина во фазата на компостирање.

list1

list2

Во оваа работна седмица се реализира и акцијата за отстранување на гумите за џвакање од мермерните плочи по градската чаршија, на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски„ до плоштадот „Крушевска Република„ кај Чинарот.  Заради непречено одвивање на акцијата, истата се реализираше од раните утрински часови и беа ангажирани 4 комунални работници со специјални алатки.

carsija

 

Share