Пред „1-ви Мај„ работно

Пред првомајските празници Ј.П.”Охридкси Комуналец” посебен акцент стави на одржувањето на јавната чистота преку хортикултурно уредување на населбите, метење и миење на јавните површини и подигнување на различен вид отпад (пластика, градежен шут и др.). Темелно се расчистени викенд населбите „Даљан„, „Расадник„, „Никола Карев„ и др.

Стариот дел од градот, кој е првата локација каде се упатуваат туристите, е темелно расчистен и искосена е тревата покрај „Илинденска„, „Климентов Универзитет„ и „Кирил и Методиј„.

IMG106351

IMG106341

IMG106381

Канделабрите на градскиот плоштад се украсени со паѓачки сардели, а во наредните денови со сардели ќе се украсат канделабрите по чаршијата и градскиот плоштад.

3098_n

4663_n

И главната сообраќајница во Охрид-„Булевар Туристичка„ хортикултурно се уредува и трoтоарите се метат. Денот на трудот “1-ви Мај” вработените од „Јавна хигиена„ ќе го одбележат работно, со темелно расчистување и хортикултурно уредување на сообраќајницата „15-ти Корпус„.

90750_n

Share