Од активностите на „Паркови и зеленило„: Започна засадување на зимската цветна реколта и расчистен локален пат кај Рача

Поволните есенски температури претставуваат идеален предуслов за започнување на активностите за засадување на цветниот саден материјал кој ќе ги разубавува парковите во Охрид во зимскиот период, се` до летната цветна реколта. Моментално се засадуваат 10.000 садници од видот viola (очиња), а планирано е од сопствено производство да се засадат вкупно 36.000 садници од овој вид.

Fotor1107103437

Со разубавување ќе бидат опфатени: градскиот парк, плоштадот, кружните сообраќајници, „Булевар Туристичка„ и други зелени површини во градот.

По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, а во рамки на акцијата за расчистување на локални и регионални патишта на територијата на општина Охрид, се изврши  расчистување на локалниот пат кај с.Рача , на потегот од регионалниот пат Охрид-Св.Наум до крајбрежниот појас кај поранешен х.Парк. Отстранети се гранки и друга жбунеста вегетација .

IMAG06041

Share