Акција за зелен отпад У.З.1. „Стар Град„ (05.04.2014-сабота)

 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид  од месец април започнува со пролетниот циклус на акции за подигнување кабаст и зелен отпад. Месец април е резервиран за акциите за подгинување зелен отпад, а во мај и јуни ќе се подига кабаст отпад. Динамиката на подигнување е дефинирана во годишниот календар за работа за 2014 год. и вообичаено акциите ќе се реализираат во саботите во различни делови од градот.

             Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.04.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  од У.З.1. „Стар Град„.

          Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Share