Акции за чистење: парк на Револуција, река Сушица и школо Велгошти

 

Во рамките на активностите за одржување на јавната чистота и јавното зеленило кои се спроведуваат согласно Програмата за работа за 2014 год., деновиве Ј.П.„Охридски Комуналец„ реализира голем број вонредни активности во централното градско подрачје и приградските населби.

Заради попречениот тек на водата од река Сушица, се расчистува речното корито од ниската вегетација во близина на ул.„Булевар Туристичка„. Речното корито се расчистува рачно од високо израснатите треви и натрупаниот отпад, со што ќе се овозможи непречен протек на речните води.

 

IMG106551

IMG106531

Заради одбележувањето на „9-ти Мај„- Денот на победата над фашизмот, денес се расчистува потегот од бензиската пумпа кај „Билјанини Извори„ до спомен паркот на Револуцијата. Оваа активност се реализира по барање на локалната самоуправа.

IMG106591

IMG106581

IMG106571

Во теков на изминатите денови хортикултурно беше уреден и дворот на основното училиште во с.Велгошти и просторот околу спортската сала и јавните површини во с.Лескоец.

IMG106491

 velgos1

 

Share