Kако сте задоволни
со работата на
Ј.П. ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ?
Кажете го вашето мислење,
пофалба или критика
ohridkom@t-home.mk

 

Ј.П.”Охридски Комуналец” - Охрид е локално јавно претпријатие организирано за извршување на комунални дејности на територијата на Општина Охрид, чии широк спектар на активности накратко се сублимираат во следните основни дејности:

* собирање, транспортирање и депонирање на комунален цврст отпад;
* одржување на јавната чистотта во градските и приградските населби;
* одржување на градските паркови, зеленило, парк-шуми и др;
* одстранување и чување на непрописно паркирани возила, украсување на населените места и уште многу други активности од комуналната сфера.

Почетоците на претпријатието датираат од повоениот период од кога постои во разни форми и орагнизациона поставеност, во  повеќе наврати фузирано со охридскиот “Водовод”,  за на ден 22.12.1989 год. да се формира Јавно Претпријатие за комунално-производни услужни работи и езерски сообраќај “Охридски Комуналец” Охрид.