Category Archives: АКТУЕЛНО

Акција за подигнување зелен отпад У.З.1 Стар Град -сабота (01.04.2023 год)

Со првата сабота од месец април , поточно на 01.04.2023 год., започнуваме со реализирање на Календарот за 2023 година на акциите за подигнување на кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид.

Со календарот е опфатена секоја урбана заедница во градот со цел  надминување на проблемите кои граѓаните на општина Охрид ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад. На овој начин се надеваме дека ќе придонесеме  да изостанат сликите од одложен ваков вид отпад покрај садовите за депонирање комунален отпад и други несоодветни локации, надвор од динамиката дефинирана во календарот.

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 01.04.2023 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  од  У.З.1   Стар Град.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот  на 01.04.2023 година  и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.

Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Оглас за издавање под закуп на санитарни контејнери-јавни тоалети

Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид објавува Оглас за издавање под закуп на санитарни контејнери-јавни тоалети кои се наоѓаат на две локации во град Охрид:

1. помеѓу ТЦ. Амам и угостителски комплекс Летница  и

2. на паркинг простор пред Горна Порта.

На линкот подолу може да се информирате за содржината на огласот:

OGLAS1

 

Оглас за издавање под закуп на деловен простор зграда Градски пазар

Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид објавува Оглас за издавање под закуп на деловен простор што се наоѓа на кат во зградата на Градски пазар Охрид.

На линкот подолу може да се информирате за содржината на огласот:

оглас

Ќе се  доделуваат канти за отпад за улиците „Марко Нестороски“, „Васил Главинов“ и “Крсте Мисирков“

Oпштина Охрид согласно Програмата за заштита на животна средина и природа  во оперативната 2023 година  ќе врши доделување на пластични канти од 120 литри за селекција на отпад на домаќинствата на територија на општина Охрид. Оваа година канти ќе добијат индивидуалните домаќинства од следните улици: „Марко Нестороски“, „Васил Главинов“ и “Крсте Мисирков“. Граѓаните ќе можат кантите да ги подигнат во просториите на Секторот за механизација при Ј.П.„Охридски Комуналец“ лоциран  на ул.„АСНОМ“  во период од  30.01.2023 до 28.02.2023 година, од 08.00  до 13.00  часот секој работен ден (од понеделник до петок) .

    Граѓаните при подигнувањето на кантите треба да приложат лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење и сметка за собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад од Ј.П.„Охридски Комуналец“.

Користете ја нашата услуга за е-фактура

Почитувани наши корисници,

Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид Ви ја нуди услугата е-фактура.

Со активирање на оваа услуга ќе ги добивате Вашите месечни сметки и фактури брзо и навремено,  притоа давајќи голем придонес во заштита на животната средина.

Активирањето може да се изврши на два начини:

  1. Доколку ја користите нашата услуга за електронска наплата на сметките и фактурите на веб-страната www.eohridskikomunalec.com.mk , во копчето за корисничка сметка го штиклирате полето

✅Се согласувам сметките за извршените услуги да ги добивам само по електронски пат

Другата можност е да пополните формулар за доставување на сметките и фактурите по електронски пат кој се наоѓа на нашата официјална веб-страна www.ohridskikomunalec.com.mk

Ви благодариме што ги користите нашите електронски услуги и што придонесувате во заштита на животната средина

 

Електронска платформа за плаќање на фактурите за правни субјекти

Ј.П. Охридски Комуналец ги известува правните субјекти-корисници на нашите услуги, кои добиваат месечни фактури по услугата подигање, транспорт и депонирање на комунален отпад, дека од денеска имаат можност за  електронска наплата на фактурите преку онлајн плаќање со кредитна или дебитна картичка без провизија.
Со оваа услуга корисниците имаат увид во неплатените месечните фактури и брзо, лесно и сигурно можат истите да ги платат.
Корисникот треба да креира кориснички профил на web-страната www.eohridskikomunalec.com.mk каде се внесува шифрата на корисник испечатена на фактурата (со кирилична поддршка  пр. Ф9876). Доколку корисникот сака да има увид во повеќе свои објекти во шифра на корисник се внесуваат шифрите разделени со запирка, а прегледот на неплатени фактури е даден по објекти.

Услугата е достапна 24/7 па на тој начин се избегнува закаснетото плаќање и се избегнуваат каматите, се заштедува време и енергија.

 

Оглас за издавање под закуп на деловeн простор зграда Градски пазар

Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид објавува Оглас за издавање под закуп на деловен простор што се наоѓа на кат во зградата на Градски пазар Охрид.

На линкот подолу може да се информирате за содржината на огласот:

oglas

Оглас за прибирање понуди за продажба на ПЕТ амбалажа-балирана и рефус

Се известуваат сите физички и правни лица на територијата на општина Охрид дека Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид врши продажба на ПЕТ амбалажа-балирана и рефус.

Продажбата се врши по пат на прибирање на понуди во писмена форма. Понудите да се достават во затворен плик на адреса Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид , „Нов расадник” бб.

Избран ќе биде оној понудувач кој ќе понуди најповолна цена и со истиот ќе биде склучен Договор за купопродажба.

Огласот е отворен 5 дена сметано од денот на објавувањето.

линк до огласот:

oglaspet

Акција за подигнување зелен отпад 19.11.2022 год. У.З.14   Радојца Новичиќ

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 19.11.2022 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  од  У.З.14   Радојца Новичиќ.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот  на 19.11.2022 година  и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.

Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Ова е последната редовна  акција за подигнување кабаст и зелен отпад кои беа предвидени во годишниот календар за 2022 год.

 

Вонредна акција за зелен отпад во нас.Долно Коњско 18.11.2022 год.(петок)

Ј.П.„Охридски Kомуналец”-на ден 18.11.2022 год.(петок) ќе организира вонредна акција за подигнување зелен отпад  во нас.Долно Коњско.

Жителите ќе имаат можност зелениот отпад уредно да го депонираат на пристапни локации, најкасно до 07.00 часот на 18.11.2022 година  и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.